Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Почина поранешен член на златната генерација на Работнички

21 декември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Бранко Кацарски, поранешниот член на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, почина денеска на 65-годишна возраст, соопшти КФМ на својата веб страница.
  • Бранко Кацарски беше роден во Берово во 1956. година. Играше на позицијата центар. Подоцна тој беше дел од Македонската кошаркарска федерација и тоа во време кога репрезентацијата за првпат обезбеди пласман на еден голем турнир каков што беше Европското првенство во Франција во 1999-та година, како директор на репрезентацијата.
  • „Македонската кошарка денеска остана без уште едно свое големо име. Нè напушти Бранко Кацарски, член на една од најдобрите генерации на кошаркари од КК Работнички од Скопје. „Кацар ќе остане запаметен како дел од славниот тим на „популарните железничари од Градски парк“, стои во објавата на сајтот на КФМ.
  • Кацарски беше дел на златната генерација од која беа дел уште други големи имиња како Благоја Георгиевски-Буштур, Драган Радосављевиќ, Драган Васиљевиќ, Бобан Самарџиски, Борче Серафимовски, Драган Стојковиќ, Мирко Радуловиќ, Трајко Кираџиевски. Тој поголемиот дел од својата кариера го помина на теренот во салата „Градски парк“.
  • Синовите на Кацарски, Бојан и Горан исто така се кошаркари.
извор

Нова маркација на планинарските патеки на Шар Планина кои беа оштетени годинава

30 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • На потегот од Попова Шапка до Титов Врв на Шар Планина се поставени нови ознаки и патокази кои беа оштетени во август годинава, информираат од службата за односи со јавност при „Славков проект – Обележување на планинарски патеки во Македонија“, поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка.
  • Од „Славков проект“ информираат дека по промоцијата следува и промотивно планирање со локални планинарски организации (повеќето од нив партнери во проектот), како и љубители на природата.
  • „Групата ја предводеа локални планинари, заедно со врвниот чешки алпинист Марек Холечек – добитник на престижната награда ‘Златен цепин’ (Piolet d’Or) во два наврати и специјален гостин на тековниот филмски фестивал ‘EХO’ во Скопје“, се вели во соопштението.
извор

Изненадување од Аеродром: МЗТ Скопје го отпушти Васко Атанасов

30 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром објави дека ја заврши соработката со досегашниот тренер Васко Атанасов. Оваа одлука доаѓа по серијата порази, од кои последниот од Струмица во Суперлигата на Македонија
  • Клубот соопшти дека соработката е раскината спогодбено со договор на двете страни. Од МЗТ му се заблагодарија на Атанасов за сработеното во клубот. 
  • Васко Атанасов беше на чело на „штрковите“ од 2023 година кога седна на клупата и со доста успех го водеше тимот. Тој стана најмладиот стратег кој го освои пехарот во македонската кошарка, четири пати беше национален првак, а освои и по три Куп и Суперкуп-трофеи. 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
2

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Македонштина
3

Не давајте лесно збор

Балканштина
4

По цена за околу 60 квадрати во Скопје

Видео
5

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Разно
6

Жан-Лук Пикард стигна до својот „final frontier“

7

Европа ја чека студена и скапа зима

Свет
8

Брнабиќ: Победивте, формирајте власт, не дозволувајте насилници да ја водат земјата

1

Играше во шампионска Барселона со Меси и Нејмар, па со работа во продавница се излекувал од депресија

Фудбал
2

Кој го памти Магси Богз - најмалиот играч во историјата на НБА?

Кошарка
3

Тебе Квича брат да не ти е случајно?

Фудбал
4

И германски фати да зборува

Фудбал
5

Милан и Интер пред дербито го претставија проектот за новиот модерен стадион

Фудбал
6

Како Баерн го донел Компани: „Легнав кај него дома на кауч и му реков не си одам додека не потпишеш“

Фудбал
7

Сензација во Базел: Штруф со 27 асови го елиминираше Ѓоковиќ

Разно
8

Обезбедувањето ги тргаше децата, а Меси го тргаше обезбедувањето

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Да те видам момче да излезеш

Како ова на сите им беше толку јасно... до вчера?

Зошто времето тече побргу со текот на годините?

Малку демек ги кара Трендо и Геро, малку...

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy