- „Ја почитувам неговата одлука и му посакувам многу среќа во кариерата и како играч и во онаа на после активното играње. Мојата голема желба е да се му организира проштален натпревар.
- Ќе им предложам на претседателот Џајиќ и луѓето од Фудбалскиот сојуз на Србија во првиот слободен термин да ја искористит можноста и достоинствено да се простат од поранешниот капитен. Тадиќ тоа апсолутно го заслужува.
- Душан Тадиќ е големо име во српскиот фудбал и момче кое остави длабока трага во дресот на нашата репрезентација. Неговата кариера ја следев од моментот кога ги најави своите големи достигнувања во Војводина и подоцна кога во Холандија, Англија и Турција покажа дека прерасна во еден од најдобрите играчи од средниот ред во Европа.
- Од моментот кога ја презедов селекторската функција, го гледав како лидер и многу ми беше драго што Тадиќ ја носеше капитенската лента и бројот 10 на грбот“, изјави Драган Стојковиќ Пикси.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.