- Европскиот првак одигра само 0:0 на гостувањето против Северна Ирска и со тоа си го искомпликува патот до Катар. Директен пласман од групата Ц обезбедува Швајцарија која ја декласираше Бугарија со 4:0.
- На Италија на минатите мундијалски квалификации и се случи фијаско под водство на Вентура, откако по пауза од 60 години не успеа да обезбеди пласман на Светско. Во баражот беа елиминирани од Шведска и сега повторно треба да одат по истиот пат.
- За Македонија ова значи уште потешка ждрепка, бидејќи во потенцијални противници покрај Португалија, Русија и Шкотска како носители, сега влегува и Италија.
- Утревечер се игра последното коло уште во групите Д, Е и Г, со што ќе ги дознаеме и останатите потенцијални противници и целосната слика со 6 носители и 6 неносители пред ждрепката на 26 ноември.
- Синоќа околу 19 часот пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром каде КК Работнички играше против КК Скопје, додека навивачите на клубот од „Градски парк“ чекале да влезат во салата, со факели и други предмети биле нападнати од навивачи на МЗТ Скопје од групата „Фемили Аеродром“.
- Во физичката пресметка е повредено едно лице кое набрзо било префрлено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Едно лице било приведено.
- На потегот од Попова Шапка до Титов Врв на Шар Планина се поставени нови ознаки и патокази кои беа оштетени во август годинава, информираат од службата за односи со јавност при „Славков проект – Обележување на планинарски патеки во Македонија“, поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка.
- Од „Славков проект“ информираат дека по промоцијата следува и промотивно планирање со локални планинарски организации (повеќето од нив партнери во проектот), како и љубители на природата.
- „Групата ја предводеа локални планинари, заедно со врвниот чешки алпинист Марек Холечек – добитник на престижната награда ‘Златен цепин’ (Piolet d’Or) во два наврати и специјален гостин на тековниот филмски фестивал ‘EХO’ во Скопје“, се вели во соопштението.