- „Доколку Видиќ излезе со информација во која се споменува селекторот и стручниот штаб, тогаш мора да застане зад тоа. Тоа е класична измама и забуна за јавноста. На таа возраст и со такви амбиции не смее да си дозволи такво нешто“.
- „На крајот на краиштата, ако заработив не 16, туку 116 милиони евра, што е проблемот? Има даночни власти, точно се знае колку сме им платиле. Не знам дали е Немања изманипулиран или постои група што го натерала да каже такво нешто“.
- „Не може да ме повреди некој како него кој не работи ништо. Тоа што го кажа е многу грдо. Покажа непочитување спрема мене. Како селектор не можев да му помогнам, ниту да му одмогнам во желбата да стане претседател на ФСС. Тоа не се обвинувања, туку коментари кои не му доликуваат. Тој е големо фудбалско име, го почитував и секогаш зборував добро за него. Бевме горди на неговите игри. Ме чуди пред сè неговото основно незнаење“, свои во одговорот на Пикси по тврдењата на Видиќ за високите плати на селекторот и стручниот штаб на Србија.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.