- Некогашниот европски вицешампион и освојувач на Куп на Купови, Сампдорија, повеќе од триесетина години важи за осреден, просечен италијански клуб кој од година во година се бори за опстанок во Серија А, со по некој повремен излет во еврокупови (последен пат во 2016-та изгубија 0-4 од Војводина).
- Прекрасниот дрес на овој клуб го носеа великани како Роберто Манчини, Џанлука Вијали, Синиша Михајловиќ, Кларенс Сидорф, Кристијан Карембе, Хуан Себастијан Верон, Ариел Ортега, Бепе Сињори, Франк Рајкард и многу други, но никогаш не ја врати старата слава.
- Сега италијанските медиуми пишуваат дека е на повидок продажба на Дорија на Халид Фалех ал Тани, член на Катарското кралско семејство.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.