- Ситно се брои до почетокот на големото Светско првенство во Катар. Селекторите на 32 репрезентации кои ќе учествуваат на Мундијалот веќе пратија пошироки списоци од 55 фудбалери од кои на крајот 26 ќе патуваат сигурно.
- Прв официјален список со 26 фудбалери достави селекторот на Јапонија, а Луис Енрике, шпанскиот предводник меѓу 55 кандидати не вметнал Давид Де Хеа, најдобриот шпански голман во моментов кој брани во одлична форма за Манчестер Јунајтед.
- „Шокиран сум. Неколку пати ми требаше да го прочитам составот да видам дали стварно го нема“, изјави Патрис Евра за неговиот другар од Јунајтед.
- Од голманите Енрике смета на Кепа Аризабалага од Челси и на Роберт Санчез од Брајтон.
- Најдобриот светски тенисер на сите времиња според многумина, Новак Ѓоковиќ во објава на Инстаграм му честиташе победа против Велс на неговиот добар пријател Един Џеко со натпис: „Браво Едине, браво БиХ!“, а сега допатувал во Босна и Херцеговина за да го следи дуелот БиХ - Италија.
- Овие две селекции вечерва од 20:45 ќе играат на стадионот „Билино Поље“ во Зеница за пласман на Светско првенство 2026.
- Ѓоковиќ го искористил патот во БиХ и по седми пат да отиде кај фамозните „Босански пирамиди“ каде домаќин повторно му беше Семир Османагиќ.
- Легендарниот голман и капитен на репрезентацијата на Бугарија и долгогодишен претседател на Бугарскиот фудбалски сојуз, Борислав Михаилов починал утрово во Софија. Тој почина на 63 години после долго боледување.
- Михаилов од минатата година беше во вештачка кома и не успеа да преживее и покрај големите напори од лекарите и најблиското семејство, пишува бугарски ДСпорт.бг.
- Борислав имаше 102 натпревари за репрезентацијата и важи за најдобриот голман во историјата на Бугарија. Неговиот син Николај Михаилов исто така беше голман и капитен на бугарската репрезентација а токму тој ја соопштил тажната вест за татко му.
- Михаилов бранеше за Бугарија на Мундијалот 1986 во Мексико каде запиша 4 настапи и на кулното Светско првенство 1994 во САД каде Бугарите направија чудо, стигнаа до полуфинале а Борислав претходно во четвртфиналето против Мексико ги спаси со две бравурозни одбрани. Бранеше и за Левски, Белененшеш, Мулуз, Ботев, Рединг, Славија и Цирих.
- Од 2000-та беше член на Извршниот одбор на Бугарскиот фудбалски сојуз а од 2005-та го избраа за претседател, функција која ја вршеше цели 18 години пред да ја напушти функцијаа поради болест.