- Дански скијач во слободен стил утрово додека скијал надвор од скијачките патеки, околу 10:45 часот бил нападнат од мечка, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Данскиот турист бил со група скијачи кои вообичаено скијаат на диви места, односно надвор од обележаните патеки, кај месноста Јелак на Шар Планина.
- „Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде што дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите“, велат од ЦУК.
- Синоќа околу 19 часот пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром каде КК Работнички играше против КК Скопје, додека навивачите на клубот од „Градски парк“ чекале да влезат во салата, со факели и други предмети биле нападнати од навивачи на МЗТ Скопје од групата „Фемили Аеродром“.
- Во физичката пресметка е повредено едно лице кое набрзо било префрлено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Едно лице било приведено.
- На потегот од Попова Шапка до Титов Врв на Шар Планина се поставени нови ознаки и патокази кои беа оштетени во август годинава, информираат од службата за односи со јавност при „Славков проект – Обележување на планинарски патеки во Македонија“, поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка.
- Од „Славков проект“ информираат дека по промоцијата следува и промотивно планирање со локални планинарски организации (повеќето од нив партнери во проектот), како и љубители на природата.
- „Групата ја предводеа локални планинари, заедно со врвниот чешки алпинист Марек Холечек – добитник на престижната награда ‘Златен цепин’ (Piolet d’Or) во два наврати и специјален гостин на тековниот филмски фестивал ‘EХO’ во Скопје“, се вели во соопштението.