- Не така одамна Македонија беше една од земјите во фудбалот кои ги нарекуваа „слатки“ противници. Арно ама, денеска сѐ се смени. Македонија е поблизу од било кога да игра на Светско првенство.
- Ждрепката ќе им донесе некој фаворит кој е носител, но тимот што Игор Ангеловски го изгради, а сега Благоја Милевски го тренира и води, веќе испрати порака дека никој не може против Македонија да верува дека лесно ќе помине.
- Напредокот оди рака под рака со заминувањето на фудбалерите во силни лиги, но со таа разлика што тие играчи имаат многу важна улога во своите тимови во големите лиги. Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано) и Енис Барди (Леванте), се два претставници на малата балканска земја во Ла Лига.
- Дополнително со силата на „магичната соблекувална“ во која фудбалерите се обединети и зборуваат за сѐ, од тактика до животот во тимот, Македонија повеќе не е пепелашка!
- Синоќа околу 19 часот пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром каде КК Работнички играше против КК Скопје, додека навивачите на клубот од „Градски парк“ чекале да влезат во салата, со факели и други предмети биле нападнати од навивачи на МЗТ Скопје од групата „Фемили Аеродром“.
- Во физичката пресметка е повредено едно лице кое набрзо било префрлено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Едно лице било приведено.
- На потегот од Попова Шапка до Титов Врв на Шар Планина се поставени нови ознаки и патокази кои беа оштетени во август годинава, информираат од службата за односи со јавност при „Славков проект – Обележување на планинарски патеки во Македонија“, поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка.
- Од „Славков проект“ информираат дека по промоцијата следува и промотивно планирање со локални планинарски организации (повеќето од нив партнери во проектот), како и љубители на природата.
- „Групата ја предводеа локални планинари, заедно со врвниот чешки алпинист Марек Холечек – добитник на престижната награда ‘Златен цепин’ (Piolet d’Or) во два наврати и специјален гостин на тековниот филмски фестивал ‘EХO’ во Скопје“, се вели во соопштението.