- Откако не се најде на списокот за мечевите со Португалија, Дејан Манасков неочекувано ќе го нема ниту на последните два квалификациски дуели за ЕП 2024 против Луксембург и Турција.
- „Со Манасков имавме непријатно искуство пред и за време за СП и затоа решив да им дадам шанса на помладите“, изјави кусо селекторот Кире Лазаров.
- „Најмногу ме повреди тоа што го кажа пред почетокот на СП дека конечно очекувал од мене да дадам комплетно првенство, како досега да не сум играл добро и мене лично тоа ме навреди и во една ситуација тоа му го напоменав во Маврово. На телефон ме побара за да ми каже дека не сум повикан за репрезентација, не ми кажа зошто. Не сме се скарале. Тоа е одлука на Кире, јас ја почитувам одлуката, на него е да одлучи кој ќе игра“, објаснува Манасков.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.