- Македонската одбојкарска репрезентација под водство на селекторот Јошко Миленковски денес имаше собир во познатиот хотел „Монтана“ во Крушево каде ќе ги стартува подготовките за Европското првенство 2026.
- Македонија на ЕуроВолеј кое се игра од 9-ти до 26-ти септември ќе игра во групата Б заедно со Бугарија која е домаќин во Софија, Полска, Украина, Португалија и Израел.
- Капитенот Никола Ѓорѓиев пред почетокот на подготовките, ги пречека соиграчите со крушевски локум:
- „Да тргнат подготовките со убаво, со благо... со крушевски локум“, рече капитенот Ѓорѓиев и им подели на сите присутни.
- Баерн Минхен го продолжи договорот со добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, до 30 јуни 2029 година.
- Англискиот напаѓач направи растур систем во дресот на германскиот гигант за кој има 156 гола на 161 натпревар. 146 во првите три сезони и 10 во оваа.
- Со Баерн освои бројни трофеи, меѓу и наградата за најдобар стрелец во Бундеслигата во секоја сезона, а оваа година беше прогласен и за фудбалер на годината во Германија. Двапати ја освои „Златната копачка“, а пред неколку дена и Златната топка.
- Капитенот на англиската репрезентација кој настапува во Минхен од летото 2023 година, освои две титули во германското првенство и Купот на Германија, како и два германски Суперкупа.
- Македонската ракометна репрезентација на најдобар начин ги започна квалификациите за Европското првенство во 2028 година, откако го декласираше Луксембург со 41-23.
- „Не ми е најважен резултатот, туку пристапот и начинот на кој игравме. Имавме темпо во текот на сите 60 минути, што воопшто не е лесно за нашите македонски услови, без разлика што противник беше Луксембург. Им честитам на момците за сработеното“, заклучи Лазаров.
- „Имаме три дена до натпреварот со Грција, каде што нè очекува пеколен меч против одлична репрезентација. Ќе пристапиме максимално сериозно и мораме да бидеме подготвени за сите можни сценарија. Ќе се обидеме психолошки да се подготвиме за она што нè очекува“, порача селекторот.