- АЈП турнирот во бразилско џиу-џицу во Ниш, Македонија претставувана од вкупно 4 клубови го заврши на трето место со 19 златни, 19 сребрени и 3 бронзени медали.
- Дарко Тасевски од Хаус оф граплинг артс (ХГА) освои злато и на АЈП Ниш во категорија до 94 килограми без ги со што останува број 1 борец во светот во оваа категорија на АЈП турнирите. Од октомври 2022, ова е 9-та победа по ред на Тасевски во борби без ги.
- Другите две злата за ХГА се од Илчо Тимов, кој беше победник во категорија Мастер 1 до 77 килограми со ги (плус зема едно сребро во иста категорија без ги) и „прво па злато“ за Виктор Трпевски кој ја разнесе конкуренцијата во категорија до 94 килограми бел појас со ги. Клубот имаше и вкупно 8 сребра и 2 бронзи.
- Во медалите за Македонија со седум злата придонесоа и децата и младинците од академијата на Стронгест, плус клубот имаше две злата кај мажи со и без ги, и едно кај жени со ги (Даниела Алексовска се бореше во три категории и извади две злата и едно сребро). Со по три злата АЈП Ниш го завршија и македонските клубови Флоу џиу-џицу (едно младинци, две жени) и Енсо џиу-џицу.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.