- Словенечниот судија Славко Винчиќ кој го судеше финале од ЛЕ 2022 и кој е делигиран за ЕП 2024, ќе биде главен судија на финалето од ЛШ на 1 јуни на Вембли и за тоа ќе добие хонорар од 10.857 долари.
- Помошниците на Винчиќ ќе заработат по 3.257 долари, а оној во ВАР собата 4.342 евра.
- Во четврт и полуфинале хорорарите на главниот судија изнесуваат по 8.142 долари, а во групна фаза 6.514 долари.
- Ова не се воопшто лоши суми, ако се знае дека судиите доаѓаат од други професии, а судиските ангажмани им се дополнителен хонорар, но ако се спореди со заработката на играчите сумата е смешна. Во случај на трофеј, секој играч на Реал би заработил бонус од 1,5 милиони долари.
- Македонија доби светски шампион во карате. Штипјанецот Марко Џорлев го освои златниот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година во Бјелско-Бјала, Полска.
- Членот на македонската репрезентација во финалето го совлада Адам Ваги од Унгарија со резултат 4:1.
- Неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски од Карате клубот „Штип“ ја објавија победата на социјалните мрежи.
- „Македонија има светски шампион, Штип има светски шампион, Карате клуб „Штип“ има светски шампион. Радувај се, Македонијо. Фала му на Господ за сѐ“, напишаа тие.
- Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, исто така му го честиташе успехот на младиот каратист, оценувајќи дека златниот медал е гордост за градот, државата и клубот.
- Македонските ракометни гиганти не ја започнаа европската сезона според очекувањата. Вардар и Пелистер, двата најтрофејни и најамбициозни македонски претставници на меѓународната сцена, по седум одиграни натпревари во европските купови сè уште немаат ниту една победа.
- Билансот е загрижувачки: шест порази и едно реми. Вардар има четири порази во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Пелистер во три настапи во Европската лига забележа два пораза и едно реми. Така, по првите европски предизвици, двата македонски претставници се најдоа во ситуација во која итно им се потребни подобри резултати.
- Вардар изгуби од Мелсунген на гости 33-31, од Нант дома 32-33 и од Висла Плоцк дома во Скопје 26-32. Вардарци не освоија ниту еден бод иако против Нант дома и Висла во Полска имаа шанси во завршниците да избегнат пораз.
- Еурофарм Пелистер игра во второто по ранг натпреварување, во Европската лига на ЕХФ. После 3 кола немаат триумф: изгубија дома убедливо од шпанска Ла Риоах 24-31, одиграа нерешено 31-31 на гости кај Вибжеже Гдањск а дома претрпеа тежок пораз од германски Гумерсбах 28-38.
- Сево ова значи дека двата најгоелми и најтрофејни македонски клубови на вкупно 7 натпревари во Европа сезонава имаат дури 6 порази и само 1 реми. Без победа.
- Притоа од еврокуповите е елиминиран и РК Тиквеш па во ЕХФ Европскиот Куп ќе играат Алкалоид, РК Охрид и РК Бутел.