Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Јувентус го продава Дејан Кулушевски, германски гигант заинтересиран за него

29 декември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Старата дама“ ја очекува голема реконструкција како на екипата, така и во управата каде имаше сериозни турбуленции откако обвинителството покрена сериозна истрага за финансиски малверзации.
  • Јувентус игра бледа сезона, една од најслабите во последните неколку децении. Иако поминаа во следна фаза во Лига на шампиони и завршија први во група со Челси, Зенит и Малме, бјанконерите на домашно тло играат катастрофално и се дури седми на табела со големи изгледи да останат без богатата Лига на шампиони следната сезона.
  • Клубот од Торино е спремен да се одрекне од услугите на повеќе фудбалери зимава, со цел да отвори простор за плати за нови засилувања. Меѓу имињата кои се на излезна врата е и Дејан Кулушевски, шведскиот репрезентативец со македонско потекло.
  • Кулушевски дојде во Јувентус во јануари 2020 од Аталанта за 35 милиони евра плус 9 милиони евра за разни бонуси.
  • Дејан не доби играчко време ни кај Андреа Пирло ни кај актуелниот тренер Масимилијано Алегри кој има повеќе доверба во други фудбалери на негова позиција.
  • Ла Газета дело Спорт пишува дека Јувентус е спремен да го продаде ако дојде понуда од 35 до 40 милиони евра. Заинтересирани за Швеѓанецот со македонско потекло се Баерн Минхен, Тотенхем и Арсенал. Тој сезонава се појави на 21 натпревари во Серија А и ЛШ, но најчесто од клупата. Постигна еден гол и имаше три асистенции за 724 минути фудбал.
извор

Верон: Нико Паз прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
  • „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
  • „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
  • Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
извор

Од фудбалска школа во Струга, до тренинг со Лукаку и Канте

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
  • Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
  • Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
2

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Технологија
3

Кога жените ќе стивнат

Македонштина
4

Американска математика

Канта
5

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина
6

Нови квалитети денес ги прават децата паметни

Наука
7

Во Делчево веќе ништо не е исто

Македонштина
8

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Балканштина
1

Т'га за Манчестер Јунајтед

Фудбал
2

Што му стана? Дефанзивец на Порто со необјаснив автогол

Фудбал
3

Голманска лудост на денот

Фудбал
4

Нервоза во Битола: Срам да ви е на сите играчи и тренери

Ракомет
5

Проблеми во Баерн, Кејн ги повредил лигаментите

Фудбал
6

Мурињо за Роналдо: „Си ги мијам рацете и не зборувам“

Фудбал
7

Како стојат во Баерн со плати?

Фудбал
8

Есапот на Рафа Бенитез за вредноста на Џерард и Карагер

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Некои протестираат против миграцијата, некој против војните...

Балканштина

Мали тајни на хрватските мајстори на заверите

Македонштина

Кога жените ќе стивнат

Балканштина

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Македонштина

Во Делчево веќе ништо не е исто

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кој ќе ги преживее властите, нема да ги преживее лудаците

Како не им е срам на Ципрас и на Каракачанов?

Што би ѝ пишал Спрингстин на Мајли?

Анатомија на Клеш

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy