- Светската антидопинг агенција одлучила да не вложува жалба на решението на Судот за спортска арбитража во Лозана во корист на Меѓународната агенција за интегритет на тенисот, дека италијанскиот тенисер Јаник Синер не сторил ништо со цел намерно да се допингува, пренесува Корере дела сера.
- Меѓународната агенција за интегритет на тенисот соопшти на 20. август дека Јаник Синер два пати бил позитивен на забранетата супстанца клостебол во март годинава и тоа за време на Мастерсот во Индијана Велс.
- Пар месеци немаше ништо во јавноста, а потоа изби голем скандал па некои тенисери и јавно реагираа дека се шокирани од одлуката на надлежните органи комотно да му дозволат на Синер да продолжи да се натпреварува додека траела истрагата.
- Јаник Синер пред само неколку дена го освои својот прв УС Опен во кариерата после два часа игра против Американецот Тејлор Фриц, по сетови 6:3, 6:4 и 7:5. Синер е прв на светската тениска ранг листа на АТП. Ова му е втор Гренд Слем трофеј во кариерата по оној на Отвореното првенство на Австралија.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.