- Четириесет и девет годишниот Шпанец Роберто Мартинез кој до пред неколку недели беше селектор на Белгија која ја водеше на две Светски првенства (освои бронза на Мундијалот 2018 во Русија) и едно Европско, ќе биде промовиран во нов предводник на Португалија.
- Под водство на Мартинез, Белгијците во еден момент беа и први на светската ранг листа на ФИФА како најдобра селекција на светот.
- Европскиот шампион од 2016-та по неуспешниот настап на Светското 2022 во Катар каде сензационално испаднаа во четвртфинале од Мароко, го отпушти селекторот Фернандо Сантош.
- Роберто Мартинез доаѓа како слободен тренер откако му истекол договорот со Белгиската фудбалска федерација.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.
- Прашање на време беше кога најголемиот на сите времиња според многумина, ќе ја соопшти тажната вест дека се пензионира од репрезентативниот фудбал. Лионел Меси пред неколку недели и официјално се прости од репрезентативниот дрес на Аргентина и сега ќе ни биде тешко да се навикнеме на „гаучосите“ без магичната 10-ка.
- Меси преку официјално соопштение изјави дека се повлекува од репрезентацијата. Тој во 2022 ја носеше Аргентина до толку сонуваната титула Светски шампион.
- Во ситуација кога во репрезентативна пензија летово замина и стоперот Никлас Отаменди кој му беше заменик-капитен на Меси, сега капитенската лента ќе ја носи досегашниот трет заменик капитен, стоперот Кристијан „Кути“ Ромеро кој летово од Тотенхем премина во Атлетико Мадрид.