- Околу две илјади македонски навивачи би требало да ја бодрат нашата селекција во полуфиналниот дуел од баражот за пласман на Светско првенство 2022 против Италија.
- Од ФФМ соопштуваат за соработка со властите во Палермо кои обезбедиле автобуски превоз за нашите навивачи до самиот стадион „Ренцо Барбера“ каде фудбалерите од 20:45 ќе му се спротивстават на европскиот шампион.
- На другиот меч од плејофот, Португалија ја пречекува Турција. Победникот од овие два меча ќе игра меѓу себе или во Турција или во Португалија.
- Претседателката на Мексико Клаудија Шејнбаум пред неколку дена изјави дека Мексико е спремен да го одржи Светското првенство и дека не постои никаков ризик од одложување и преместување натпревари поради честите криминални пресметки меѓу бандите и полицијата.
- Но Светскиот Куп за скокови во вода закажан за следната недела во Мексико е откажан од безбедносни причини. Натпреварувањето требаше да се одржи од 5-ти до 8-ми март во градот Сапопан во близина на Гвадалахара во државата Хелиско. Но токму во оваа држава од минатата недела изби масивно насилство на бандите по убиството при обид за апсење на Намесио Осерега Сервантес познат како „Ел Менчо“, најпознатиот водач на озлогласениот нарко-картел „Халиско Нова генерација“ (CJNG).
- Бандитите веќе неколку дена палеле автомобили и блокирале улици со запалени автобуси во речиси 12 мексикански држави а властите тврдат дека најмалку 70 лица загинале во престрелките со полицијата.
- Најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид и во историјата на репрезентативниот фудбал, Кристијано Роналдо купил 25% од акциите на шпанскиот второлигаш Алмерија.
- Португалецот кој игра за Ал Наср купил пакет акции преку неговата фирма CR7 Sports Investments. Роналдо на крајот од 2025-та стана првиот фудбалер-милијардер. Неговото богатство се проценува на 1,4 милијарда долари.
- Шпанскиот клуб АЛмерија е на трето место во втората лига Сегунда дивизион со одлични шанси до крајот на сезоната да обезебди пласман во елитната Ла Лига.
- Огромно задоволство од влегувањето на Роналдо во Алмерија изразил и првиот човек на клубот, Мохамед Ал Кереиџи, сопственик на садуиската СМЦ Група.