- На дербито меѓу Арема и Персебаја викендов во индонезиското првенство на стадионот „Канјурухан Маланг“, се случи една од најголемите фудбалски трагедии.
- На стадион кој собира 38.000 гледачи, влегле 42.000 по што настанало стампедо во кое поголем дел од загинатите се загушиле, а останатите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон.
- Нередите почнале по завршување на мечот кој домаќините го загубија со 2:3, а насилството продолжило надвор од стадионот.
- Смешна вест која е од категорија верувале или не стигнува од африканската земја Боцвана. Имено на Црниот континент има огромен број навивачи на Арсенал, па некој го искористил официјалниот налог на мрежата Х на Владата на Боцвана за да објави дека е прогласен неработен ден по повод шампионската титула и славје на навивачите на Арсенал. Владата демантирала веднаш.
- Фудбалерите на Шкендија Тетово и Силекс од Кратово вечерва од 20:00 часот на „Градски стадион“ во Скопје ќе се судрат во финалето на Купот на Македонија.
- Силекс ќе се обиде да стигне до пехар после долги години а во таа намера може да му помогне и отсуството на двајца стандардни и важни фудбалери на Тетовци, Бесарт Ибраими и Роналдо Вебстер. Едниот е повреден, другиот суспендиран.
- Шкендија сезонава има две победи (2-0 и 2-1) против Силекс а една меѓусебна средба заврши нерешено 1-1. Силекс како некогашен шампион на Македонија има и три трофеи во Купот, во 1994, 1997 и 2001-ва година. Шкендија славеше во Купот во 2016 и 2018-та.
- Се очекува присуство на навивачки групи и на двете екипи.