- Најголема трансфер бомба во европскиот клупски фудбал треба да одекне во следните часови. Јувентус е спремен да направи голем трансфер и да одвои 75 милиони евра за еден од најталентираните млади напаѓачи на континентот.
- Душан Влаховиќ (21 година) е дете на белградски Партизан чија младинска школа ја помина пред да дебитира за првиот тим.
- Во белградскиот клуб одигра само 21 меч и постигна 1 гол пред да замине во Фиорентина за 1,9 милиони евра каде после нешто побавен почеток, блесна во полн сјај и во две сезони на 98 средби даде фантастични 44 гола (досега сезонава 20 гола и 2 асистенции на 24 натпревари).
- „Партизан ќе добие три проценти од трансферот на секој свој фудбалер. Ако зборуваме конкретно за Влаховиќ, ако трансферот биде вреден 60 милиони евра, тоа значи дека нам ни следува околу 1,8 милиони евра“, изјави генералниот директор на црно-белите Милош Вазура.
- Новак Ѓоковиќ објави дека негов нов тренер кој ќе го спрема за Австралија Опен и за некои други турнири е неговиот добар другар од детство и долгогодишен ривал на тениските терени Енди Мареј.
- Легендарниот шкотски тенисер ја заврши својата богата кариера на Олимписките Игри во Париз а сега ќе заплива во тренерски води и ќе соработува со Новак Ѓоковиќ.
- Србинот и Мареј во кариерата одиграа 36 меѓусебни дуели. Ѓоковиќ славеше на 25 меча а 11 пати подобар беше Мареј. Енди во кариерата освои две титули на Вимблдон и една на УС Опен а има и две олимписки злата кои ги освои во 2012 и 2016.
- „Возбуден сум што еден од моите најголеми ривали ќе биде со мене од иста страна на мрежата, овојпат како мој тренер. Се радувам што сезоната ќе ја започнам заедно со Енди и што ќе биде со мене баш во Мелбурн каде делевме многу исклучителни моменти во кариерата“, изјави Новак Ѓоковиќ.
- Во самиот финиш од мечот Романија - Косово во Лига на Нации, гостинските фудбалери во 90' минута кога сфатија дека немаат веќе шанса за прво место за кое им требаше победа од најмалку три гола разлика, при резултат 0-0 решија да го напуштат теренот поради тоа што домашните навивачи им скандирале „Косово е Србија“.
- УЕФА неколку дена го разгледуваше случајот, а на крајот пресуди Романија службено да го добие мечот со победа од 3:0. Косовскиот фудбалски сојуз е казнет и со 6.000 евра парична казна поради тоа што репрезентативците ги одбивале повиците на делегатот да се вратат на теренот и да го довршат мечот.
- Романија ќе мора да плати 128.000 евра и еден меч ќе мора да игра без присуство на публика поради односот на своите навивачи.