- Филип Павиќ е роден на 19-ти јануари 2010-та година во Германија. Во школата на Баерн Минхен стигнал од локалниот клуб СВ Валперлах. Игра стопер ама може да се снајде и на десен бек и како последен играч за врска во среден ред. Станува збор за голем талент а тренерот на Баерн Минхен Венсан Компани му даде шанса во реваншот од Лига на шампиони против Аталанта кој Баерн го доби 4-1.
- На тој начин Филип Павиќ стана втор најмлад играч во историјата на Баерн Минхен кој заиграл професионален фудбал со првиот тим. Има само 16 години 1 месец и 217 денови. Родителите му се Хрвати, веќе добивал повик да игра за Хрватска У-15 во 2024-та година.
- Уште нема деби за А селекцијата на „коцкестите“ па Германија во меѓувреме го викнала да игра за У-16 репрезентација а играл и за У-17.
- Сега на него е да одлучи за кого ќе игра во иднина, дали за Германија каде што е роден и израснал или за Хрватска.
- „Ништо не е сменето, Филип неколку пати кажа како би ја одбрал Хрватска, но не можете да верувате колкави се притисоците кои се вршат врз тоа момче. Го притискаат од германскиот сојуз, го притискаат од Баерн, практично нема избор. Ако ја избере Хрватска би можел да има тешко време во Баерн па дури и би го исфрлиле од клубот“, вели човек од Хрватскиот фудбалски сојуз за Национал.хр.
- Прашање на време беше кога најголемиот на сите времиња според многумина, ќе ја соопшти тажната вест дека се пензионира од репрезентативниот фудбал. Лионел Меси пред неколку недели и официјално се прости од репрезентативниот дрес на Аргентина и сега ќе ни биде тешко да се навикнеме на „гаучосите“ без магичната 10-ка.
- Меси преку официјално соопштение изјави дека се повлекува од репрезентацијата. Тој во 2022 ја носеше Аргентина до толку сонуваната титула Светски шампион.
- Во ситуација кога во репрезентативна пензија летово замина и стоперот Никлас Отаменди кој му беше заменик-капитен на Меси, сега капитенската лента ќе ја носи досегашниот трет заменик капитен, стоперот Кристијан „Кути“ Ромеро кој летово од Тотенхем премина во Атлетико Мадрид.
- 27-годишната Русинка родена во Москва а која од 2018-та игра под знамето на Казахстан, Елена Рибакина конечно ја презеде лидерската позиција број 1 во женскиот тенис и стана 30-та првопласирана тенисерка во историјата на ВТА рангирањето.
- По неколкуте порази на Арина Сабаленка на претходните 4 турнири, Белорусинката го изгуби статусот прва на ВТА ранг листата откако Елена Рибакина ја совлада Коко Гауф во полуфинале на УС Опен и закажа дуел токму со Сабаленка во финалето.
- Дури и ако Сабаленка победи во големото финале за пехар на УС Опен кое се игра во недела вечер од 20:00 часот по Средноевропско време, Рибакина ќе остане прва на листата. Елена ја искористи лошата форма на Сабаленка во изминатите летни месеци и конечно ја симна од врвот после цели 193 недели!
- „Разбирам навистина колку е тешко да се дојде до бројот 1 на свет. Тоа беше една од моите цели, но сега не можам ништо повеќе да сторам. Не играв добро на средина од сезоната. Елена ја презеде првата позиција и играше навистина добро. Не можам ништо со тоа јас. Можам само да се фокусирам на себеси и да останам во моментот и да се обидам да одиграм најдобро сега. Да се држи формата и можеби ќе ја повратам од неа позициајта број 1“, рече Сабаленка.
- Овие две тенисерки досега се сретнаа 17 пати на ВТА турот и Сабаленка има дури 10 победи. Сезонава 2026 се сретнаа во финалето на Отвореното првенство на Австралија кога Рибакина славеше а Сабаленка и возврати откако ја победи на Индијан Велс и Мајами.