Изминатиот викенд со свечена церемонија, свирка и настан за сите генерации од најмлади до највозрасни, најстариот извиднички одред во земјава „ИПО Галеб“ прослави јубилеј - 70 години постоење.
Одредот е посветен на едукација на деца и млади преку спроведување на авантуристичка програма во природа и се води по основната програма, извидничките принципи и закони на националната организација Сојуз на извидници на Македонија, која е дел од светската извидничка организација World Scout Organization of Scout Movement. Низ годините во одредот членувале повеќе илјади извидници, оваа година се регистрирани 100 члена. ИПО „Галеб“ е најстариот поречански одред во земјата и постои од 1955г., освен карактеристичните извиднички активности во нашата работа се вклучени и повеќе активности на вода и пловење по река со чамци.
Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.