- И покрај тоа што се домаќини и велесила која секогаш цели на висок пласман, Германците со претпазливост гледаат кон македонската ракометна репрезентација после ждрепката за ЕП 2024.
- „Според фановите, не можевме да добиеме подобар противник за првиот натпревар. Сепак, за да одиграме важна улога на турнирот, мора да ја победиме Македонија, иако ја респектираме“, изјави претседателот на Ракометната федерација на Германија, Андреас Мичелман
- „Ова е тешка група, иако играме дома. Јасно беше дека ќе се судриме со гигант, па тоа е Франција. Но, Швајцарија и Македонија се одлични екипи. Македонија ќе пристигне со „армија“ одлични навивачи и голем ентузијазам за ракомет. Сметам дека групата ќе биде навистина интересна“, вели спортскиот директор Аксел Кромер
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.