- Во пресрет на Европското првенство кое почнува во септември и Олимписките Игри во Париз 2024, францускиот кошаркарски сојуз соопшти дека сите играчи кои се ангажирани или допрва ќе потпишат со некој руски или белоруски клуб, нема да можат да играат за репрезентацијата.
- „Играчите и тренерите веќе нема да бидат бирани за репрезентативните селекции ако потпишат договор со руски или белоруски тим“, стои во соопштението на КСФ.
- Ова ги погаѓа француските репрезентативци Ливио Жан-Шарл и Луј Лабери кои потпишаа за ЦСКА Москва односно Уник Казањ.
- ФИФА објави извештај од вкупната заработка на фудбалските менаџери која се однесува за периодот 1 јануари - 1 декември 2025.
- Изнесува 1,37 милијарди долари, 90% повеќе од минатата година. Претходниот рекорд бил 890 милиони долари, регистриран во 2023-та.
- Најголеми трошачи се англиските клубови, кои за менаџери издвоиле 375 милиони долари, а втори се германските клубови со 165 милиони долари.
- Оваа година, клупските агенти биле вклучени во вкупно 3.010 меѓународни трансфери, што е нов рекорд и зголемување од 38% во споредба со лани.
- „Без инфраструктура не може да барате и да очекувате врвни резултати, и токму тоа е процесот или реформите кои ги започна Министерството за спорт. Мислам дека тоа не е процес кој може да даде резултати преку ноќ, меѓутоа, драго ми е што се забележува и во јавноста дека спортската инфраструктура ги прави првите чекори на промените во спортот или реформите во спортот“, вели министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за МИА
- „Министерството за спорт не може да креира успеси во спортот. Успесите ги креираат федерациите, клубовите, тренерите. Ние сме тука да направиме услови што е можно подобри за тие луѓе да можат да работат и да создаваат успеси.“
- „Мислам дека имаме повеќе приоритети. Еден од нив е донесувањето на новиот закон за спорт, подобрување на спортската инфраструктура, обезбедување на средствата или субвенциите од државата на вистински начин и со тоа да стимулираме што е можно повеќе спортски резултати.“