- Прилично очекувано, Светската фудбалска организација (ФИФА) донела одлука да му ја тргне суспензијата од 2 натпревари на Кристијано Роналдо кој требаше да ги доотслужи казна на претстојното Светско првенство 2026 во САД, Мексико и Канада. Одлежа еден натпревар од казната, но нема да мора уште два.
- Португалецот доби црвен картон на дуелот Ирска - Португалија (2-0) откако намерно го удри со лакт противничкиот фудбалер Дара О'Ши. За вакво дело во правилникот на ФИФА јасно и гласно стои дека играчот добива суспензија од 3 натпревари. Кристијано отслужи 1 натпревар казна, против Ерменија кога Португалија славеше победа 9-1.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.