- По сè погласниот револт на играчите и селекторите дека календарот е пренатрупан и дека треба да се дозволи поголем состав, ФИФА одговори позитивно.
- Репрезентациите на Светското 2022 во Катар ќе имаат 26 фудбалери (3 повеќе од претходниот Мундијал 2018 кој се играше во Русија).
- Ова значи дека сега со 15 дозволени резервни играчи селекторите нема веќе да мораат да праќаат одвишок фудбалери на трибини.
- Словенечки скијач Бојан Крижај се ожени со својата долгогодишна партнерка, Шпела Жле. Двојката си кажала „да“ во саботата во Љубљанскиот замок, а церемонијата ја водел градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, пренесува „Журнал24“.
- Венчавката била прилично необична бидејќи се венчале во друштво на нивните пријатели Алеш Пелхан и Нина Макуц.
- Пелхан е поранешен координатор за нордиски дисциплини во Словенечката скијачка федерација, додека Макуц работи во Словенечката антидопинг организација. Немало други гости, туку меѓусебно си биле сведоци.
- Крижај е едно од најголемите имиња во словенечкото, а претходно и југословенското алпско скијање со најголеми успеси во 80-тите години, особено во слаломот.
- Даниел Малдини кој ја продолжи фудбалската семејна традиција и после дедо му Чезаре кој беше легендарен фудбалер, тренер и селектор на Италија, и татко му Паоло кој повеќе од 2 децении беше славен капитен на Милан, сега се соочува со проблеми.
- Фудбалерот од среден ред кој играше за Милан, Монца и Лацио а сега е во Каљари, во саботата постигна убав гол против Аталанта, но вечерта меѓу сабота и недела доживеал сообраќајна незгода.
- Тој возел во алкохолизирана состојба, а веќе му е одземена и возачката дозвола. Даниел Малдини на враќање од ноќен клуб се судрил со автомобил кој му одел од лева страна, откако фудбалерот не го пропуштил возилото кое во моментот имало првенство на минување. Во незгодата учествувале шест лица.
- Се шпекулираше дека новиот италијански селектор, Роберто Манчини ќе го повика Малдини на списокот репрезентативци за Лига на Нации но сега шансите за такво нешто се многу мали.