- Фудбалската федерација на Македонија ја започна продажбата на влезници за првата средба од новиот квалификациски циклус за Евро 2024 против Малта на 23. март (четврток). Се продаваат карти и за пријателската со Фарски Острови на 27-ми март (понеделник).
- Цената на билети е од 200 до 300 денари во зависност од местата на Север и Југ.
- Во група со нашата селекција се уште и Италија, Англија и Украина
- Завршувањето на УС опен донесе големи промени на АТП-листата, а најголемо внимание предизвикува падот на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер од денеска повеќе не е меѓу десетте најдобри тенисери во светот.
- Јаник Синер останува прв со 11.500 бодови, но неговата предност пред Александар Ѕверев е значително намалена. Германецот по освојувањето на Отвореното првенство на САД стигна до 8.990 бодови и дополнително се доближи до лидерската позиција.
- Карлос Алкараз ја задржа третата позиција со 5.560 бодови.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.