- Веста дека новиот европски шампион, победникот на Фајнал Форот на Евролига Панатинаикос ќе добие премија од само 1 милион и 750.000 евра, наиде на потсмев кај луѓето кои одблизу ја следата европската клупска кошарка.
- Првиот човек на Евролигата, анонимниот Литванец Паулинас Мотејунас веќе извесно време отворено и бесрамно зборува како „веќе резултатите не се важни, парите се поважни“ и зборува како Евролигата треба да ја засилат екипи од Дубаи, Париз и Лондон.
- Со смешни суми за премии при кои освојувачот на Евролига Панатинаикос добива 1,75 милион евра а нивниот главен играч и МВП на финалето Костас Слукас има годишна плата од 2,5 милиони евра, зборовите на Мотејунас делуваат прилично неумесни. УЕФА на пример ги премира освојувачите во Лига на шампиони со неколку десетици милиони евра, а огромни суми зема и секој учесник во еврокуповите.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.