- Ол стар натпреварот од ВТБ лигата ќе се одржи на 18 февруари во Москва, а на драфтот учествуваа тренерите на двете екипи Велимир Перасовиќ и нашиот Емил Рајковиќ кој посочи една грешка.
- „На вашата интернет страница забележав дека мене и Димитријевиќ не пишувате како Северномакедонци. Тоа не постои, новото име на нашата држава е Северна Македонија, но според меѓународните договори, ние по националност сме Македонци“, рече 45 годишниот македонски стратег.
- Инаку Ненад Димитријевиќ реши да не настапува на Ол старот и да се подготвува за стартот на квалификациите за Европското првенство со Македонија, која на крајот на овој месец игра против Естонија и Полска.
- Дваесет и четири годишниот центарфор Елмин Растодер е нов играч на грчки Панатинаикос. Фудбалерот роден во Швајцарија кој веќе има 9 настапи за Македонија, беше најдобар играч во швајцарската лига изминатата сезона и со 15 гола и 6 асистенции беше најзаслужен за сензационалната титула на Тун.
- Вредноста на Растодер според Трансфермаркт е 4 милиони евра.
- Италијанскиот твитерџија Фабрицио Романо соопшти дека Елмин Растодер денес ги комплетирал лекарските прегледи во Панатинаикос и дека ќе потпише договор. Со него во ПАО доаѓа и познатиот холандски стопер од Интер Стефан де Врај кому му истече договорот со нераѕурите летово.
- Италијанскиот стратег Енцо Мареска потпиша тригодишен договор до летото 2029 година и доби тешка задача, а тоа е да го замени Пеп Гвардиола кој им донесе 20 трофеи.
- За него ова ќе биде трет престој во клубот, каде пристигнува со искуство од Премиер лигата стекнато во Лестер и Челси.
- „Манчестер Сити е клуб што го познавам многу добро, ова е брилијантна можност за мене. Се работи за неверојатно добро управуван фудбалски клуб. Сè што прават е иновативно, планирано и со цел. За секој тренер ова е сон“, рече Мареска.