- Во борба за титула во нисколигашкиот фудбал во Африка, екипите Матијаси и Шивулани стигнаа до нејсвоствено високи победи како за фудбалски натпревар.
- Шивулани го совлада Котоко Хепи Бојс со 33:1, а за Матијаси да има подобра гол разликата славела против Нсами Мајти Брдс со 59:1 од кои гостите си постигнале 41 гол.
- Суспензиите за официјалните лица на клубовите изнесуваат до 10 години забрана, а клубот со рекордниот број на автоголови повеќе нема да постои.
- „Кога истражувавме, откривме дека некои од головите на Матијаси не беа ни правилно регистрирани бидејќи судијата не можеше да го протолкува неговиот извештај. Откривме дека само пишуваше - 'играчот број 2 постигна 10 гола, играчот број 5 постигна 20 гола', но имаше 41 автогол, па како ги запишаа тие? вели Рамфаго, кој и претседател на комитетот за натпревари во регионот.
- Во 2013-та во Нигерија, две екипи кои се бореле за пласман во повисок ранг, добиле по 10 годишни суспензии, откако забележале победи од 79:0 и 67:0.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.