- Наполи одигра 0:0 против Ајнтрахт Франкфурт и покрај поседот 64%, како и вкупно 18 удари наспроти 7 на гостите. Скорот во ЛШ по 4 кола им е 1 победа, 1 нерешена и 2 порази.
- Елмас конечно доби 90 минути од Конте, кој ги оправда целосно, а тоа го покажува највисоката оценка која ја доби во тимот. Играше во напад по лева страна, во трио со Хојлунд и Наполитано.
- Елиф Елмас - 8,5: Најдобриот играч на мечот, без конкуренција. Тој беше креативецот на Наполи, кој создаде пет шанси и постојано ја тестираше одбраната на Ајнтрахт Франкфурт. Движењето и визијата на теренот му беа исклучителни, но немаше среќа да постигне гол или да направи асистенција. Навистина брилијантен индивидуален настап во еден фрустрирачки тимски напор, стои во описот на sportsdunia.com
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.