- Само два месеци откако доведоа неколку врвни играчи и целта им беше борба за сите трофеи во сезоната, во управата на Барселона се свесни дека се на прагот од испаѓање од Лига на шампиони, турнир кој носи најголеми заработки за клубовите.
- Летово потрошија преку 153 милиони евра за трансфери, а уште се должни за претходни договори од поранешни играчи (108 милиони евра должат само за трансферите на Кутињо, Пјаниќ и Нето) и плус околу 41 милион евра за тв права.
- Сао Пауло од Бразил гостувал во Боливија каде одиграл 1-1 против Боливар. Пред натпреварот тројца шофери на автобусот со кој требале да се превезуваат гостинските фудбалери од славниот клуб, биле уапсени поради тоа што во автобусот им пронашле 86 килограми марихуана.
- Бразилскиот клуб стигнал во Санта Круз де ла Сиера пред да се упати во Ла Паз, градот на огромна надморска исина каде играа против Боливар. Сепак по доаѓањето на Бразилците, имало проблем зошто полицијата пронашла 86 килограми марихуана во автобусот кој тргнал да ги превезува од аеродромот.
- Според извештаите на локалните медиуми, Сао Пауло ја ангажирал фирмата “Buses Cosmos“ за превоз на целата делегација до градот. Но возилото било сопрено во близина на градот Кочабамба. До моментот кога Сао Пауло слетал на аеродромот фирмата во Санта Круз де ла Сиера успеала да го реши проблемот и да прати друг автубос.
- Првиот човек на европската кошаркарска федерација ФИБА Хорхе Гарбахоса повторно во само неколку недели е во Македонија. Тој беше во посета на Гевгелија каде го следеше дуелот меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Украина.
- Домаќини на Гарбахоса му беше раководството на КФМ и градоначалникот на Општина Гевгелија кои му подарија дрес од КК Кожува со што беше одбележана неговата посета на градот кој деновиве е центар на европската младинска кошарка.