- Дербито на Мадрид не е нималку наивно и туристичко како што изгледа од страна. Меѓу Атлетико и Реал има голема омраза и ривалитет. На удар во последниве години е Винисиус Жуниор кого навивачите го навредуваат на расна основа, а тој постојано ги иритира и провоцира.
- Сега дербито се игра во недела од 21:00. Домаќин ќе биде Атлетико Мадрид кој спремил изненадување за навивачите. На полувремето требала да настапи познатата мексиканска ѕвезда Дана Паола. Но откако на едно гостување во емисија рекла да навива за Реал, Атлетико моментално ѝ го откажал настапот на полувреме ѝ раскинал договор.
- Таа во најгледната шпанска емисија Ла Ревуелта почнала пред домаќинот Давид Бронкано да ја пее химната на Реал Мадрид. Кога ја прашал „Ама зошто го пееш ова“?, му одговорила: „Затоа што сум за Реал и превозбудена сум што ќе ги гледам за првпат“.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.