- На 23 септември група од 23 лица од разни региони на Русија почнала со искачување на Елбрус. На првата етапа неколку луѓе се откажале од понатамошно искачување и тргнале назад. Останале 19 лица кои и покрај тешките временски услови продолжиле нагоре. Пет руски алпинисти загинале при обид да го искачат Елбрус (5.645 м/нмв) во Кавкас. Останатите алпинисти од експедицијата биле спасени на висина од околу 5.400 метри.
- Брзината на ветрот достигнувала од 40 до 70 метри во секунда, а температурата -20 степени.
- Алпинстите настрадале по тешки измрзнувања, а некои од нив биле со фрактури.
- Според руски ТАСС, се работи за група алпинисти која се обратила за помош кога времето се влошило нагло. Агенцијата „Интерфакс“ соопшти дека поголем дел од алпинистите биле неискусни и сите учесници се на возраст над 30 години. Алпинистите пристигнале од 11 различни региони на Русија со цел да го искачат Елбрус.
- „Во 14 часот почна силен ветер и бура, па групата се нашла во услови на слаба видливост и температура пониска од минус 20 степени. Во еден момент групата се разделила. За време на искачувањето пет лица загинале од замрзнување. Останатите алпинисти биле евакирани од спасувачките служби кои им пружиле медицинска помош“, соопштуваат од СК РФ.
- Во Истанбул од неделата „траела“ медиумска и теренска потрага по лав во една од блиските шуми надвор од градот откако се појавила вест дека лав бил фатен на термална камера, па некои лица и пријавиле во најблиската полициска станица. Оваа вест го исплашила населението во градот но брзо надлежните власти ги смириле со информација дека животното на наводната безбедносна камера во шума не е ниту лав ниту е воопшто животно.
- Од канцеларијата на градоначалникот на Истанбул рекле дека нема конкретен доказ дека лав се појавил во шума кај населбата Сариер близу Ушкумрукој на 10-ина километри од стадионот на Галатасарај и дека завршила потрага која почнала во неделата вечер откако некој објавил фотографија од термална камера на која наводно се гледа лавица.
- Вечерва во Лига на шампиони во Истанбул играат Галатасарај и Астон Вила од 18:45 часот и тој натпревар ќе се игра како што е предвидено без никакво одложување.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.