На мечот Химки - Будуќност во Евролигата, домашниот плеј Стефан Марковиќ проба ненадејно да асистира до Џордан Мики, а овој не очекуваше па топката го удри во глава и...
На мечот Булс - Санс имаше вкупно 240 коша. Славеа Булси со 124-116 а секој оној што типувал плус на поени се смешкал кога видел каква одбрана се играше на мечот.
Публиката на натпревар меѓу Вашнгтон и Кливленд се запозна со дел од македонската традиција која беше претставена во најсилната и најпопуларната кошаркарска лига во светот.
Човекот кој пред неколку дена постигна 50 поени на еден натпревар во НБА, синоќа поставил нов личен рекорд - 7 погодени тројки. Роуз во поразот од Лејкерс имаше 31 поен, три скока и пет асистенции.
Во „Градски парк“ се одигра хуманитарен натпревар меѓу првиот тим предводен од Марин Докузовски и ветераните на Работнички кои на тренерската клупа ги водеше легендата Лазо Лечиќ. И на 79 години го тера истиот стил. Стручен, духовит и незаменлив лик.
Јанис „Greek-freak“ Адетокумбо продолжува да ги понижува противниците во НБА. Кошаркарот на Милвоки Бакс е можеби најголем претендент за наградата МВП сезонава и тоа веќе после 9 меча.
Најдобриот млад европски кошаркар во моментов, Словенецот Лука Дончиќ одлично се снаоѓа во НБА. На овогодинешниот драфт Лука беше избран од Атланта Хокс како 3. пик но брзо го пратија во Далас Маверикс во замена за 5. пик на драфтот Треј Јанг.
Еден од најталентираните кошаркари во современата историја на НБА, Дерик Роуз, кој беше МВП во 2011-та, после години и години тешки повреди, синоќа ја одигра партијата на кариерата и доби честитки од соиграчите и ривалите.
Почна сезоната во најдобрата кошаркарска лига на светот. Голден Стејт на отворањето ја прегази Оклахома а Леброн Џејмс со својот нов тим изгуби од Портланд трејл Блејзерс 128-119. „Кралот“ на дебито имаше 26 поени, 12 скока и 6 асистенции. Прва следна шанса за прва победа ќе има против „ракетите“ од Хјустон.
Ако не знаете што се случува со женскиот мак баскет, тогаш како за почеток запознајте се со стандардите и правилата кои ги негува ЖКК Патриот од Делчево. Па добро имаат ли акал овие?
Во 2. коло од македонската прва лига, Гостивар изгуби од Куманово 75-63 во меч во кој тренерот на Гостиварци Марјан Србиновски на тајм-аут како кочијаш ги пцуеше своите пулени. Мечот го пренесуваше Македонската радио телевизија па гледачите ги изеде туѓ срам.
Реванш мечот од квалификациите за ФИБА лигата меѓу белгиски Спиру Шарлоа и Хапоел Тел Авив бил прекинат на неколку минути поради масовна тепачка на трибините и теренот.
Во денови кога репрезентативната кошарка ни е на претквалификациски патеки, убаво е човек да се потсети на денов кој се покажа дека сме можеле и можеме мноооогу повеќе од ова сега.
Кој го следел златното време на НБА знае за што зборуваме. Чикаго Булс и Сиетл Суперсоникс се сретнаа во финалето во 1996-та, кое Булси го добија со 4:2. Џордан си беше Џордан, а Родман сосема поинаков профил на играч кој ги ловеше топките под кош. Вториот белег по кој беше познат е брливоста која му пројде во најелитната кошаркарска лига во светот.
Тренерот на Жалгирис од Литванија, Шарунас Јасикевичиус добива прашање на прес, го замолчува новинарот и им држи лекција на сите кои мислат дека кошарката е најважната работа во светот.
Најдобриот кошаркар на Мемфис Гризлис учествувал во спасувачките акции во Средоземното море и ја спасил Жозефина, Камерунката која што ја пронашле жива среде море.
Во дуел од квалификациите за Светско првенство, одигран во Булакан, на четири минути пред крајот од третиот период изби масовна тепачка после која беа исклучени 13 играчи.
Фамозниот НБА драфт ќе се одржи вечерва. Генералните менаџери не спиеле со денови, навивачите се спремаат да видат кого ќе одбере нивната франшиза а пиковите ќе излезат дотерани во одела (секако не како во далечната 2003)
Кошаркарите на Голден Стејт го задржаа шампионскиот пехар во своите витрини откако го сомлеа Кливленд со 4-0 во финалето на Плејофот. Кевин Дурент повторно е МВП.
На ол стар викендот во Хјустон пред пет години го прашуваат Кралот Џејмс кој е најдобриот странец што некогаш заиграл во НБА. Леброн одговара Дирк (мислејќи на Новицки), веднаш се предомислува и вели Петровиќ.
Кошаркарите на Голден Стејт се на чекор до одбрана на титулата во НБА лигата откако синоќа стигнаа до убедлива предност со Џејмс и компанија од која нема враќање. Конечни 110:102.