Жестока тепачка на кошаркарски меч Филипини - Австралија

Во дуел од квалификациите за Светско првенство, одигран во Булакан, на четири минути пред крајот од третиот период изби масовна тепачка после која беа исклучени 13 играчи.

Средбата беше во 30-минутен прекин после што продолжи. Филипинците доиграа со тројца играчи а Австралија со пет. На крај, сосема очекувано, „кенгурите“ славеа убедливо.