Жестока пресметка на кошарка меѓу навивачи од Белгија и Израел

Реванш мечот од квалификациите за ФИБА лигата меѓу белгиски Спиру Шарлоа и Хапоел Тел Авив бил прекинат на неколку минути поради масовна тепачка на трибините и теренот.

Целиот хаос започнал при резултат 62-52 за Шарлоа кога гостинските навивачи од Израел почнале да фрлаат со столици кон домашните играчи и редарите, пишува белгиски Sudinfo.be.

Овие брзо возвратиле па полицијата морала да употреби солзавец да ја смири ситуацијата затоа што во салата настанал хаос. Еден полицаец бил повреден а двајца навивачи се уапсени. Во однос на резултатот, Шарлоа победил 73-59 и со вкупни 146-135 обезбедил пласман во втората рунда од квалификациите каде ќе играат против данскиот Бакен Баскет.

Останати парови во 2. рунда се:

Лукоил Левски - Карху Баскет
Нижни Новгород - Арис Тесалоники
Естудијантес - Полски Торун
Донар Гронинген - Фрибург Олимпик
Ред Октобер Канту - Теленет Џајнтс Антверп

25 септември 2018 - 12:59