Кливленд одлично го отвори третиот меч од финалната серија, на почеток водеше со 12 поени разлика, во втора четвртина имаа и +13, но ритамот не го одржаа и не успеаа да намалат на 2:1 со што ќе гледавме понеизвесно финале.
Работите целосно се променија во вториот дел во кој влегоа со неубедлива предност од 58:52. Тогаш на сцена стапи Кевин Дурант кој одигра извонредна партија и со дабл дабл учинок од 43 поени и 13 скока го однесе својот тим во предност од 3:0.
Дурант имаше рака сатар од игра и шутираше со 15 од 23 за два поени и 6 од 9 за три. На Кари не му одеше, погоди само една тројка од 10 обиди и забележа вкупно 11 поени.
Кај Кливленд се знае. Кралот Џејмс го заврши мечот со учинок од 33 поени, 11 асистенции и 10 скока, а Кевин Лав имаше 20 поени и 13 скока.
Сите 43 поени на Дурант