На ол стар викендот во Хјустон пред пет години го прашуваат Кралот Џејмс кој е најдобриот странец што некогаш заиграл во НБА. Леброн одговара Дирк (мислејќи на Новицки), веднаш се предомислува и вели Петровиќ.
„Беше голем стрелец, можеше да трча, не се плашеше да шутира, не се плашеше од моментот. Не се плашеше од ништо“, изјави Џејмс за легендарниот хрватски кошаркар на кој синоќа му одбележаа 25 од смртта. Леброн тогаш имал само 9 години.