Најдобриот европски кошаркар за изминатата сезона, словенечкиот репрезентативец и ас на Реал Мадрид Лука Дончиќ е избран како трет пик на драфтот од поранешниот клуб на Перо Антиќ Атланта Хокс но брзо го трејдуваа во Далас Маверикс. „Сонот станува реалност. Едвај чекам да им покажам на Далас Маверикс што се можам“, кратко напиша на Твитер среќниот Дончиќ.
Среќно добредојде му посака и најдобриот кошаркар во историјата на Далас Маверикс, Дирк Новицки:
Welcome my man @luka7doncic
— Dirk Nowitzki (@swish41) June 22, 2018
Dreams do come true. Can't wait to show the @dallasmavs what I'm capable of. Go check out my 1st #PaniniInstant card https://t.co/ZGu9U7iRu4 pic.twitter.com/jF2Gt9F5c0
— Luka Doncic (@luka7doncic) June 22, 2018
Феникс Санс кој го имаше правото прв да бира го избра Деандре Ејтон, центарот од Универзитетот Аризона што беше сосема очекувано. Деандре Ејтон е само вториот кошаркар од Бахами во историјата кој бил прв пик на драфтот (претходно Микал Томпсон - таткото на суперѕвездата на Голден Стејт Клеј Томпсон бил избран како прв пик во 1978 година).
.@DeandreAyton gets selected 1st overall by the @Suns in the 2018 #NBADraft pic.twitter.com/vRX4rc8RNr
— NBA (@NBA) June 22, 2018
Сакраменто Кингс чијшто генерален менаџер е Владе Дивац, бираше како втор на драфтот и се реши да го присвои Марвин Бегли, крилен центар од Дјук Универзитетот.
Следуваше изборот на „Јастребите“ и Лука Дончиќ, Мемфис Гризлис како што беше најавено го одбраа крилниот центар од Универзитетот Мичиген Стејт, Џерен Џексон - џуниор а потоа дојде ред на Далас Маверикс.
Дури кога Маверикси јасно и гласно објавија дека нивниот избор паѓа на Тре Јанг, плејот на Оклахома Универзитетот, официјално се соопшти и замената според која Јанг оди во Атланта а Дончиќ ќе патува во Далас. Освен што ги заменија пиковите, Атланта стекна право и на пик во првата рунда за драфтот во следната 2019 година.
#NBADraft #Draft2018 pic.twitter.com/a0PpOVeLqi
— Blog Apuestas (NBA) (@blog_apuestas) June 22, 2018
Интерсен избор направи и Орландо којшто како шести пик го штиклираше Мохамед Бамба, 216 сантиметри високито див од Тексас Универзитетот.
Дека „петките“ ќе доминираат потврди и Чикаго Булс кој се реши за високиот центар од Дјук Универзитетот, Вендел Картер - џуниор.
Кливленд на Леброн Џејмс бираше од позицијата осум и без двоумење одлучи да го потпише Колин Секстон, плејмејкерот на Алабама Универзитетот.
После Кливленд бираа Њујорк и Филаделфија. Никси го ангажираа деветтиот пик Кевин Нокс, крилен центар на Кентаки Универзитетот а Филаделфија која гради млад и перспективен тим се потпре на потенцијалот на Микел Бриџис од Виланова Универзитетот но набрзо го трејдуваа во Феникс Санс.
Од најголемите балкански таленти, кошаркарот на Цедевита Џанан Муса како 29. пик беше избран од Бруклин Нетс. Интересно, братот на еден од најдобрите светски кошаркарки, Гркот со нигериско потекло Јанис Атетокумпо, Костас, беше избран како 60. пик од Филаделфија а Танасис Атетокумпо кој играше за Панатинаикос во 2014 година беше избран како 51 пик.