Кошарка

Тензични сцени во НБА, Дрејмонд Грин го давеше Руди Гобер

Во неизвесна битка Минесота го доби Голден Стејтс со 104:101. Уште не почнат мечот, додека на семафорот стоеше 0:0, Клеј Томпсон и Џејден МекДаниелс почнаа да се влечат по цел терен. Потоа влетаа и другите кошаркари, а тензијата ја зголеми Грин кој го зграпчи Гобер за врат. По прегледот на снимките, судиите ги исклучија Грин, МекДаниелс и Томпсон.

Има ли нешто што не може Јокиќ?

На Тони Симиќ на времето му замеруваа бидејќи како центар шутирал многу тројки. Ќе се најде ли јунак што ќе му замери на Никола? Погледнете го што прави на тренинг и внимавајте добро. Една со лева рака ќе ја даде, а деснак е.

Јокиќ со маестрална партија но не можеше сам

Во уште една богата НБА вечер, шампионот Денвер Нагетс изгуби 107:104 од Хјустон Рокетс. Никола Јокиќ го запиша 109-от трипл-дабл во кариерата. Постигна 36 поени, 21 скок и 11 асистенции. Покрај него Портер постигна 25 поени, Гордон 16 а Џексон 14 поени. Кај Нагетс потфрли клупата. Хјустон Рокитс до шестиот триумф по ред ги водеа Фред ВанВлет со 26 поени и Алперен Шенгун со 23 поени, 8 скока и 5 асистенции.

Антетокумбо броеше до 54

Грчкиот репрезентативец стана прв играч во историјата на НБА кој покрај 50+ поени на еден натпревар имал уште и 12 скока. Јанис Антетокумбо на мечот кој неговиот Милвоки Бакс го загуби од Индијана Пејсерс 126:124 за 37 минути постигна 54 поени (19/25 од игра) и беше на поен од неговиот личен рекорд во НБА кариерата. Имаше дабл дабл учинок со 12 скока.

Јокиќ ги разби Стеф Кари и Голден Стејт

Во уште една голема битка, Никола Јокиќ излезе како победник. Шампионот Денвер Нагетс со 108:105 го победи повеќекратниот првак Голден Стејт и сега има фантастичен учинок од 8 победи и 1 пораз.

Сега па Вембанјама доби банана

По врвните партии против Феникс Санс, новата млада НБА ѕвезда Французинот Виктор Вембанјама синоќа постигна 13 поени и имаше 10 скока во поразот на неговиот Сан Антонио Спарс 152-111 од Индијана Пејсерс. Вембењама доби интересна блокада од Ајзеа Џексон од Пејсерс кој е понизок за цели 18 сантиметри.

Јокиќ сам водеше конференција, прашуваше и одговараше

По уште една блескава партија со нов трипл-дабл со кој стигна на високо 4-то место на вечната листа кошаркари со најголем број трипл-дабл учиноци, Никола Јокиќ дошол расположен на средба со новинарите.

Џејмс Харден дебитираше, ЛА Клиперс изгуби во Медисон Сквер Гарден

Лос Анџелес Клиперс го претрпе третиот пораз од стартот на сезоната и сега има три победи и три изгубени меча после шест одиграни кола. Конечно најновото засилување за тимот, Џејмс Харден заигра но тоа не спречи пораз 111:97 од Њујорк Никс.

Нов трипл-дапл на Никола Јокиќ за нов сезонски рекорд

Шампионот Денвер Нагетс убедливо со 134:116 го совлада Њу Орлеанс а Никола Јокиќ одново покажа зошто е најдобар играч во лигата. Српскиот центар го забележа 108-от трипл-дабл во НБА кариерата и сега е на високото четврто место пред легендите Леброн Џејмс и Џејсон Кид.

Што банана ќе беше ова на Вембенјама?

Виктор Вембанјама ги демантираше сите песимисти околу неговиот настап во НБА. Французинот пред почеток на сезоната имаше бледи настапи, но како што почна регуларниот дел на лигата, прави парампарче. Прво во два меча го растури Феникс Санс во само три дена. Сега постигна 20 поени со 9 скока и 4 асистенции во поразот на Сан Антонио Спарс од Торонто Репторс. А имаше и блокада за која се зборува на големо.

Луцидната асистенција на Теодосиќ е потег на вечерта во Евролига

Кошаркарите на Црвена звезда после серија од порази конечно победија во Евролига. Во белградска Арена беа подобри од Баерн Минхен 74:68, а потегот на вечерта беше додавањето на Милош Теодосиќ до центарот Боломбој.

Првиот пик на драфтот, Вембанјама го разби фаворитот за титула Феникс Санс

Во само два дена, Сан Антонио Спарс по втор пат му го зема скалпот на големиот фаворит за завршницата во НБА лигата, Феникс Санс. Во средата Спарс славеа 115-114, а синоќа убедливо победија 132-121.

Нов циркус на Џанмарко Поцеко

Француски АСВЕЛ конечно ја забележа првата победа во Евролига после серија од 18 порази по ред во овој турнир што е негативен рекорд. Џанмарко Поцеко е нов тренер на екипата, а Италијанецот синоќа после триумфот 88-91 на тешкото гостување кај Жалгирис направи шоу.

Каков трик со соблечена патика направи Леброн

ЛА Лејкерс конечно после 11 порази по ред, го победија градскиот ривал ЛА Клиперс со 130-125. Јунак на триумфот беше Леброн Џејмс со лудачка партија: 35 поени, 12 скока и 7 асистенции. Ентони Дејвис додаде 27 поени со 10 скока и 3 асистенции а Д’Анџело Расел имаше исто 27 поени со 6 асистенции. Леброн Џејмс направи и еден многу интересен трик.

Спектакуларно забивање на првиот пик на драфтот со лева рака

Сан Антонио Спарс го совладаа Феникс Санс со 115:114 и тоа после негатива од 20 поени во третата четвртина. Клучен човек за пресвртот беше Келдон Џонсон со 27 поени, но сите зборуваат за 19 годишниот Виктор Вембанјама кој го залепи на постер, 208 сантиметри високиот центар на Феникс, Дру Јубакс, а претходно се слободи од Кевин Дурент.

Што мисли Никола Јокиќ за Ноќ на вештерките?

Сите кошаркари на Денвер Нагетс маскирани тргнале на пат за натпреварот со Минесота Тимбервулвс. Сите само еден. Лидерот Никола Јокиќ на прес конференција на прашање дали ќе се маскира за Ноќ на вештерките, кратко одговорил:

Како Иван Перишиќ си вшета на Партизан - Звезда и ги изненади сите

Прославениот хрватски фудбалер и голема ѕвезда на Баерн Минхен, Интер, Волфсбург и Тотенхем, синоќа од први редови го следеше вечното белградско дерби Партизан - Црвена Звезда во белградска „Арена“.

Нови фантастични изданија на Никола Јокиќ и Лука Дончиќ

Далас Маверикс, Денвер Нагетс и Бостон Селтикс се единствени непоразени тимови на стартот од новата НБА сезона. Лука Дончиќ со своите Мавс синоќа со 125-110 го урна Мемфис Гризлис кој има катастрофални 0-4, а Денвер Нагетс ја совладаа Јута Џез 110-102.

Стеф Кари го врати Брукс на фабрички подесувања

Голден Стејт Вориорс ја запиша и втората победа од почеток на новата сезона во НБА. Воините го совладаа Хјустон Рокетс 105:96 а Стеф Кари издоминира со 24 поени, 7 скока и 6 асистенции. И со еден дриблинг врз најнезгодниот дефанзивец во лигата кој важи и за многу иритантен за ривалите.

Кога си 35 кила послаб од Јокиќ, а сакаш да го сопреш под кош

Шампионот Денвер има 3 од 3 во новата сезона. Овој пат славеа над Оклахома, убедливо со 128:95. 28 поени, 14 скока и 5 асистенции за Јокиќ, како и еден нокаут.

Лудата тројка на Дончиќ снимена од публика

„Не знам што направив, само видов дека останаа уште 2-3 секунди и си реков дека мора да завршувам. Веројатно ова е најтешкиот шут кој сум го погодил во кариерата“, изјави Дончиќ, кој со овие поени практично го реши Бруклин во последната минута.

Што е со асистенцијава на Јокиќ од аут преку цел терен?

Уште не почната сезоната во НБА, генијалецот од Сомбор почна да прави будалаштини. Прво трипл дабл против Лејкерски, а синоќа 22 поени, 12 скока и 7 асистенции за втор триумф, овој над Мемфис на гости од 108:104. Погледнете што чудесија од пас изведе на 30 секунди до крај и тоа за цепелин до Гордон. Американците побудалеа од воодушевување.

Реал Мадрид ја доби Барселона, а Партизан Ѕвезда во драматични финиши

Петтото коло на Евролига донесе два мега дуели. Во големото Ел класико Реал Мадрид во крајно неизвесна пенал-завршница ја совлада Барселона со 65:64, а Партизан успеа да ја победи Црвена Звезда во исто луд финиш.

Теодосиќ го пцуе Аврамовиќ, а овој му враќа со бакнеж во рамо

Партизан ja доби Црвена Ѕвезда со 88:86 во 5. коло од Евролигата, во натпревар полн со пресврти. Во последните 10 минути од средбата Аврамовиќ блесна со 11 поени, а Теодосиќ промаши дури три слободни фрлања. Комедии беа на крај. Погледнете го погледот на Милош.