Жоел Ембид е нов рекордер на вечната поентерска листа во историјата на Филаделфија 76’ а синоќа постави и свој личен рекорд. Претходниот му беше 59 поен и тоа минатата сезона кога Сиксерс ја совладаа Јута Џез 105:98.
Со ваквиот учинок на Ембид за кого зборува цела НБА, Камерунецот застана раме до раме до величини како Вилт Чемберлејн и Дејвид „Адмирал“ Робинсон кои се единствени центри кои на еден натпревар постигнале 65 или повеќе поени.
Ембид го израмни својот личен рекорд со 59 постигнати поени уште на 6:38 минути пред крајот па во финишот успеал да го „набилда“ новиот рекорд.
На вечната листа и натаму е прв Вилт Чембрлен кој во 1962-ра година постигнал 100 поени но мора да се напомене дека во тоа време натпреварот траел подолго време но и дека тогаш немало линија за три поени која што е подоцна воведена па овој подвиг на Чембрлен добива на уште поголем значај.
Втор на вечната листа е Коби Брајант со неверојатните 81 поен на 22 јануари 2006-та во победата на ЛА Лејкерс 122-104 против Торонто Репторс после камбек. Коби тогаш шутирал 28/46 за два поени (60,9%)
Интересно Ембид не играше ни цел меч туку на паркетот беше 36 минути и 38 секунди. На лудата бројка од 70 поени додаде уште и 18 скока и пет асистенции со една украдена топка.
Покрај Ембид, одлична вечер имаа и Тајрис Мекси кој уфрли 18 поени и Тобијас Харис со 14 постигнати поени. Кај Спарси, нивниот најдобар играч Виктор Вембанјама запиша 33 поени а Девин Васел 22.
Со овој триумф Филаделфија се завцрсти при врвот на табелата, на трето место со 29 победи и 13 порази.