Расел Вестбрук без една патика ги понижи Лејкерс

Лос Анџелес Клиперс уште еднаш го совладаа градскиот ривал ЛА Лејкерс, овојпат 127:116 во меч кој го пропушти Леброн Џејмс поради болки во левиот скочен зглоб. Натпреварот го одбележа Расел Вестбрук.

ЛА Клиперс состави страшен тим со неколку мега ѕвезди како Кавај Ленард, Расел Вестбрук, Пол Џорџ и последно дојдениот Џејмс Харден. Тоа веќе им носи резултат и со 28 победи и 14 порази се при врвот од Западната конференција.

Во триумфот на Клиперс против Лејкерс во Крипто Арената најефикасни беа Кавај Ленард со 25 поени, 11 скока и 10 асистенции, Џејмс Харден со 23 поени и 10 асистенции, Теренс Ман и Норман Пауел имаа по 17 поени а Расел Вестбрук даде 16 поени со 6 скока и 3 асистенции.

Во еден момент Вестбрук остана без едната патика среде напад откако некој го нагазил, но мечот не се прекина, Расел ја фрли патиката надвор од теренот и погоди тројка.

Можеби негов најлуд поен од илјадници постигнати во долгата и богата кариера.

Кај Лејкерс без нивниот лидер Леброн, најефикасни беа Д’Анџело Расел со 27 поени 10 асистенции и 5 скока Ентони Дејвис со 26 поени и 12 скока,, а Џаред Вандербит и Остин Ривс додадоа по 12 поени.

24 јануари 2024 - 12:50