Кошарка

Денвер Нагетс држи лекција по ротациона одбрана

Погледнете го видеото повеќе од еднаш и следете како се движат и менуваат на човек, кошаркарите на Денвер. Поентата е јасна, не смее никој да остане сам. Целта е остварена. Инаку оваа шампионска одбрана на шампионот е од првиот меч во новата сезона против Лејкерски.

Кој е црепот од НБА за кој раскажува дамава не баш убави работи?

Само една нормална и фина работа ќе раскаже за него. Дека е освојувач на НБА титулата. Другото за слушање не е, а не па за превод.

Луда радост на Дарко после првиот триумф во НБА

Српскиот тренер кој изненадно доби шанса да го води гигантот и скорешен НБА шампион Торонто Репторс, Дарко Рајаковиќ еуфорично ја прослави првата победа во лигата против Минесота Тимбервулфс 97-94.

Дончиќ му одржа час по кошарка на првиот пик Вембенјама

Младата француска ѕвезда Виктор Вембенјама кој беше прв пик на драфтот во НБА, одигра одлична пред-сезона, но официјалните натпревари во најсилната лига се нешто друго. На мечот Далас Маверикс - Сан Антонио Спарс Лука Дончиќ држеше час по кошарка и со 33 поени, 10 скока и 13 асистенции изведе трипл-дабл за МВП.

И официјално Макаби Тел Авив ќе игра Евролига во Белград

На состанокот на акционерите во Евролига во Истанбул била донесена одлука изралескиот шампион Макаби Тел Авив своите домашни натпревари да ги игра во Белград.

Го прашаа Јокиќ дали фатил баскет летово?

Како ти изгледаше одморот годинава? Колку играше кошарка? Колку гледаше? Колку одеше на трки со коњи? Одговорот искрен и оригинален.

Кај Јокиќ ништо ново, нова сезона, трипл дабл и победа над Лејкерси и Леброн Џејмс

Стартот на новата НБА сезона 2023/2024, оди вака: Победа на шампионот Денвер Нагетс против Лос Анџелес Лејкерс од 119:107 и трипл дабл на Никола Јокиќ, број 106 во кариерата. А цело лето по кафани, концерти и прослави.

Јокиќ почна пак да растура, а Шек да прави шоу на српски

НБА лигата се враќа на сцена таму каде што застана. Со трипл дабл на Никола Јокиќ и победа над Лејкерски и Леброн Џејмс, а потоа трето полувреме со најголемиот шоумен меѓу НБА легендите. Одиме со првиот муабет на Шек на српски за оваа сезона.

Босански кошаркарски дриблинг, досега невиден на планетава

Не е оваа младински натпревар, ниту некоја маалска собиранка, туку прволигашки натпревар во БиХ меѓу екипите на Орловиќ и Босна. Домаќините го добија мечот, а го имаат и потегот на годината кој го смисли Анес Подојак. Неверојатно.

Мега го сруши Партизан со автокош

Белградски Партизан има слаб почеток на сезоната, па откако претрпе три порази во Евролига од Макаби Тел Авив, Барселона и Олимпијакос, во понеделникот вечер го доживеа и првиот пораз во регионалната лига. Подобар од нив беше младиот тим на КК Мега кој славеше откако кошаркарот на Партизан Урош Трифуновиќ сам си даде автокош во последна секунда.

После 19 сезони и 4 шампионски титули, Игудала се повлекува од кошарката

Четирикратниот НБА шампион Андре Игудала ја заврши професионалната играчка кариера. Тој важеше за човек-титула односно играч за кого јавноста веруваше дека како адут од клупата го пресудува секое голем финале.

Кемба Вокер во чудо од атмосферата во Евролига

Триесет и три годишниот Кемба Вокер е 4-кратен Ол-Стар учесник и една од најголемите НБА ѕвезди која дошла да игра во Европа. Кемба блескаше во дресовите на Шарлот Хорнетс, Бостон Селтикс, Њујорк Никс и Далас Маверикс. Од јули 2023-та е во Монако каде дојде по лично признавање да ја запознае европската кошарка.

Јокиќ во улога на скаут

Работата не смее да трпи и мора да се мисли на иднината во својот хиподром.

Како се менува паркетот во Штарк арена кога играат Ѕвезда и Партизан во рок од 24 часа?

Партизан синоќа ја пречека Барселона, а Црвена Ѕвезда вечерва игра против Монако. Нема спиење, се работи за Евролигата и сè мора да биде пиц пец. До 6 сабајле работеа.

Класична Јокиќ соло игра

Прво ќе помислиш дека е како недозагреан и недоотрезнет од долгиот летен џумбуз, а после сфаќаш уствари дека ова е он, типичен Никола Јокиќ во игра еден на еден. Во новиот претсезонски меч против Чикаго, овој пат Денвер славеше со 116:102. 15 поени, 9 скока и 5 асистенции за Србинот.

Уште не почната сезоната во НБА, Јокиќ почна со своето шоу

Денвер загуби од Чикаго 133:124 во претсезонските пријателски средби, а Никола Јокиќ го заврши мечот со 17 поени (8/10), 6 скока и 4 асистенции. Во еден момент се претвори во Стефон Кари.

Најпргавиот играч во НБА доби казна од 25.000 долари за удар

Канаѓанецот Дилон Брукс кој пред неколку недели играше и на Светското првенство, важи за најантипатичен кошаркар во цела НБА. Тој е пргав, редовно иритира противнички играчи, се закача со судии, а сега докажа дека знае и намерно да удира. Така беше во подготвителниот меч за новата сезона меѓу Хјустон и Индијана Пејсерс кога го удри Германецот Тајс во незгодно место.

Како се тестираат сводовите во белградска Штарк Арена

Кошаркарската Евролига започна, а уште во 1. коло навивачите на Црвена Звезда ја направија фамозната атмосфера пред која сакаат да играат многу евролигашки кошаркари. Во триумфот 94-73 над француски Лион АСВЕЛ, околу 20.000 навивачи направија громогласна атмосфера.

Обрадовиќ грмеше по играчите на тајм-аут

На стартот на Евролига во 1. коло Макаби Тел Авив убедливо го совлада белградски Партизан 96:81. Тренерот Обрадовиќ одново беше во главна улога откако на еден тајм-аут во афект им викаше на играчите: „Тие се борци, се борат, а вие сте глумци. Не сте играчи! Не сте е*бени играчи!“.

Никола, фати ли топка летово?

По три месечен безпоштедно забавен летен распуст со многу провод и релаксирање со коњите, МВП-то се врати во Денвер за да се спрема за новата НБА сезона која стартува на 24 октомври. Вели дека летово неколку пати фатил баскет, а Мареј и тоа го демантира.

Реал Мадрид има нова ѕвезда - со 16 години дебитираше против Барса

Реал Мадрид ја совлада Барселона 86:79 во првото „Ел класико“ на сезоната, а најголемо откритие кај домашните беше младиот 16-годишен Исмаила Диање кој стана најмлад дебитант во историјата на Ел класико дуелите.

Лука Модриќ го кани Лука Дончиќ на партија баскет

Реал Мадрид и Далас Маверикс закажаа пријателска за на 10 октомври. Кралевите изгледа ќе имаат фудбалско засилување кое барем на видеово се покажа добро.

Пазете го ова проигрување на Кукоч со Ален Ајверсон

Тони Кукоч овој месец наполни 55 години, а доби и филм во Хрватска насловен како „Магичната седумка“. По освојувањето на славните три шампиoнски прстени со бандата на Фил Џексон, легендарниот кошаркар во сезоната 2000/2001 настапуваше за Филаделфија. Погледнете го ова изненадување ала Џејсон Кид.

И во Англија на селски фудбал бркаат судии

На дуел меѓу младинските екипи У-18 меѓу Портланд Јунајтед и Мерли Комон во Дорсет во неделата, линискиот судија Роџер Хјуз бил бркан од еден родител.