Кармело Ентони со чудна теорија за 15-та на Јокиќ

Еден од најдобрите кошаркари кои некогаш играле во НБА лигата, врвниот Кармело Ентони (39) веќе подолго време е во пензија. Тој беше еден од водечките играчи во цела лига и лидер на Денвер Нагетс. Во еден популарен подкаст во САД, Кармело Ентони вика дека кога Никола Јокиќ дошол во клубот намерно му ја дале 15-та која претходно ја носел тој за да „го избришат наследството од Мело“.

Никола Јокиќ за потсетување и претходно во Мега носел број 15 на дресот и во српската репрезентација исто, така што ништо чудно самиот да го побарал тој број во Денвер Нагетс.

Кармело Ентони кого Денвер Нагетс го избраа како трет пик на легендарниот драфт 2003-та година веднаш зад Леброн Џејмс и Дарко Миличиќ, во првите осум сезони од НБА кариерата играше за Нагетси.

Со нив најголем успех му беше пласманот во финалето на Западот во 2009-та година кога во намерата да ја освојат четвртата од пет титули во клупската историја ги спречија ЛА Лејекрс и Коби Брајант.

По осум години во Колорадо, одличниот Ентони барал трампа и заврши во Њујорк Никс. Во дресот на Денвер Нагетс постигна 13.970 поени а подоцна играше уште и за Оклахома Сити Тандер, Хјустон и Портланд. Заигра и за ЛА Лејкерс и последен пат кошарка играше во сезоната 2021/2022.

Од тогаш нема клуб и практично е пензиониран.

Кармело Ентони блескаше во репрезентацијата на САД каде стана најдобар стрелец во историјата на националниот тим со кој освои дури три злата на Олимписки Игри и една бронза.

 

12 јануари 2024 - 14:10