Кошарка

Ново хит видео во САД: Стеф Кари 5 минути без да промаши

Голден Стејт Вориорс објавија видео на кое се гледа како Стеф Кари е влезен во шутерски ритам на тренинг и не промашува цели пет минути. Најупорните тврдат дека изброиле 103 погодени шута.

Некои се кладат дека ова е кош на сезоната

Во 1. коло од новата сезона во француската лига, Бурж убедливо со 30 пени разлика го совладал Ле Портел на гости 66-96. Најинтересен момент на мечот е кога гостинскиот кошаркар Аксел Жулиен додека истекува време за напад фрла таква фрљотка што никогаш не би влегла во кош.

Само Пабло Ласо да не ти згрми на тајм-аут

Педесет и пет годишниот шпански тренер Пабло Ласо долги години беше најуспешен тренер во историјата на Реал Мадрид на кого му донесе 2 евролигашки титули, 6 титули во шпанската АЦБ лига, 6 Купа и 7 Суперкупа. Ласо имаше здравствени проблеми пред пар години па поради паузираше подолго време а Реал Мадрид реши да не му го продолжи договорот. Ласо сега се врати и го презеде Баерн Минхен каде нема да има ѕвезди како во Реал.

Стеф Кари ли е или не?

Тие што не пратат многу кошарка, може и лесно да клизнат. Како и да е, малиот направи шоу само што се појави.

Дончиќ во стилот на Јокиќ

Словенечкиот ас на забава, со три кренати прста го пее познатиот српски хит Видован. Се претпоставува дека снимката е после Светското во кошарка на кое Словенија заврши седма. Инаку Лука Дончиќ по мајка е Словенец, а по татко Србин.

И Јокиќ слави со кошаркарите, гол во диско

Никола Јокиќ се одзва на овој повик за репрезентација, која среброто од Светското го прослави со луда забава. Таму е и господинот со 24 Гренд слем титули.

А за МВП меѓу коментаторите на Светското нека го прогласат оној на Спорт Клуб

Гласот го загуби во полуфинале, нервите во финале. Ова е Дарко Плавшиќ од Спорт Клуб, човек пред сè кој ќе колабираше од мака што Србија го губи финалето.

Голем пречек за Летонците, браќата Бертанс плачеа на химната

Во првата фаза ја елиминираа Франција, во втората Шпанија, во четвртфинале беа тесно поразени од Германија, а во мечот за петто место ја декласираа Литванија. Летонија може да биде горда од резултатите на СП 2023 и целосно заслужи ваков пречек дома. Стана петта кошаркарска селекција во свет и тоа на деби мундијалскиот настап. Браќата Даирис и Давис Бертанс ги бришеа солзите по интонирањето на химната.

Фото на денот со Бориша и овации на аеродром за финалето

Победничката фотографија на српската кошаркарска репрезентација од Светското е веројатно онаа од авионот заедно со Бориша Симаниќ, со оглед на вестите дека само десетина минути го делеле од сигурна смрт. Се врати дома после две операции и без еден бубрег. На аеродром во Белград имаше голема еуфорија за неочекуваниот успех на Србите кои освоија сребрен медал.

Перо Антиќ се сретнал со Вучиќ и му подарил патики

Српскиот претседател Александар Вучиќ е во посета на Македонија каде ќе се одржи состанок во рамки на процесот „Брдо-Бриони“. Првиот човек на македонската кошаркарска федерација, легендарниот Перо Антиќ му подарил патики на Вучиќ.

Германија е нов светски шампион, Србија пропушти историска шанса

Предводени од сјајните Денис Шрудер и Франц Вагнер, германските репрезентативци стигнаа до прво историско злато откако во финале на Светско првенство ја совладаа Србија 83:77.

Канада ги совлада САД за бронза, Американците останаа со празни раце

Кошаркарите на Канада после продолженија ја совладаа селекцијата на САД 127:118 (34-25, 24:31, 33:26, 20:29, 16:7) и стигнаа до својот прв медал во историјата на светските првенства.

Спектаклот САД - Германија го добија Германците за европско финале на Светско

По брзата елиминација на Франција уште во групна фаза, мнозинството ги гледаа САД и Канада во финалето но така не мислеа Србија и Германија кои ги елиминираа.

Сјајната партија на Богдан Богдановиќ кој ја потопи Канада

Со историска победа над Канада 95:86, кошаркарите на Србија влегоа во големото финале на Светско првенство. Србите играа неприкосновено од почеток до крај, ја задржаа Канада на 39 поени на полувреме и во нападот растураа преку Богдановиќ. Кошаркарот на Атланта Хокс имаше 23 поени, 4 скока, 3 асистенции, 3 украдени топки и една блокада.

Фантастичната Србија е во финале на Светско првенство, Канада разбиена

По феноменалната партија против Литванија во 1/4 финале, српските кошаркаши денеска уште пофуриозно ја совладаа Канада 95:86, уште еден најсериозен кандидат за медал. 

Знаете ли како се изведуваат слободни фрлања во Кореа?

Во кошаркарското првенство на Јужна Кореја играчите редовно изведуваат слободни фрлања од табла. Некој би рекол дека е ретро потег, ама кај нив проаѓа и те како. 

Канада посилна од Словенија, Дончиќ исклучен, пцуеше судии

И покрај тоа што уфрлија 15 тројки, Словенците денес повеќе се расправаа со судиите отколку што мислеа на противникот. Лука Дончиќ крајно нервозен цел меч поради бројни спорни судиски одлуки. На крајот Канада водена од неверојатниот Шај Гилџес-Александер оди во полуфинале.

Германија е нов поуфиналист, Шрудер шутираше 4/26

По негативниот учинок на Богдан Богдановиќ со Италија во групна фаза (1/13 за три), сега го надмина Денис Шрудер кој постави негативен рекорд 4/24. Германците имаа водство во текот на цела четврта четвртина но за малку поради очајниот Шрудер Летонија ќе се избореше за продолженија.

Ужичко оро среде Филипини, уште Јокиќ им фали

Србите квалитетно и надмоќно ја надиграа и совладаа Литванија на Светското во кошарка. Убав повод за тоа да се прослави на традиционален начин во далечниот азиски крај.

Богдановиќ: Цел турнир е за Бориша, не спиевме поради него

Избраниците на Пешиќ добиле порака пред мечот со Литванија на која се израдувале и која им дала дополнителна сила за да растурат во четвртфинале.

Србија ја потопи Литванија и завери полуфинале

Момците на Светислав Пешиќ ја прегазија Литванија и се изборија за место во топ 4 на Светското кошаркарско првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Богдановиќ ги растури Литванците во прво

Србија одигра одлично прво полувреме и извади солидно водство против силната Литванија од 49:38. Богдан Богдановиќ ја направи разликата на паркетот како вистински лидер со 18 поени и јака тројка на крајот од 9 метри. Ако го добијат мечот, во полуфинале ќе го чекаат подобриот од дуелот Канада - Словенија кој се игра утре.

Епското забивање на Даниловиќ преку Сабонис

Литванија и Германија се единствен непоразени селекции на овогодинешниот Мундобаскет. Литванците играат во транс, поддржани се на далечниот Исток од неколку стотини нивни навивачи, а по историскиот триумф над САД, сега ги чека стариот познаник Србија.

Оди на Жељко вака однесувај му се да те видам

И покрај тоа што имаат 5 од 5 и се четвртфиналисти на Мундијалот, кај Германците не цветаат рози во националниот тим. Кошаркарот на Торонто, Денис Шрудер покажа нула почитување кон селекторот Гордон Херберт, кој за време на еден тајм аут, побара од него да седне.