Ќе речеш мала сала, а внатре врие НБА скаути

Белградскиот кошаркарски клуб Мега чиј сопственик е најпознатиот менаџер Мишко Ражнатовиќ, одамна е извор на таленти. Никола Јокиќ е најголемото име од овој клуб кој направи чудесна НБА кариера а по негов пат треба да тргнат уште многу млади кошаркари. Мега игра во белградската сала „Ранко Жеравица“ а натпреварот на овој тим со Црвена звезда го следеле бројни НБА скаути од разни екипи.

Во салата во населбата Нов Белград имало ловци на таленти од Оклахома Сити Тандер, Сан Антонио Спарс, Кливленд Кавалирс, Индијана Пејсерс, Јута Џез, Мајами Хит, Сакраменто Кингс, Денвер Нагетс, Шарлот Хорнетс, ЛА Лејкерс, Њујорк Никс и други.

12 декември 2023 - 11:20