Богдан изброи до 40 историски поени, ама Јокиќ победи

Во една од поинтересните средби во НБА синоќа, Денвер Нагетс како гостин ја победи Атланта Хокс со 129-122. На овој натпревар главна ѕвезда испадна српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ кој уфрли дури 10 тројки и забележа највисоки во НБА кариерата 40 поени! Богдановиќ стана само втор играч во историјата на НБА кој дал најмалку 40 поени со дури 10 постигнати шута за три поени. Претходно тоа на два пати му успеало само на Џеј-Ар Смит.

Интересно капитенот на репрезентацијата на Србија (капитен кога Јокиќ е отсутен) изјавил после мечот дека имал голема поддршка од соиграчите: „Ајде, продолжи да шутираше брате, продолжи, продолжи... Ме поддржуваа и ми покажаа дека се добри соиграчи“, рекол Богдан.

Богдан Богдановиќ покрај 40 поени имаше уште и три скока и три асистенции со шут од игра 14/24. Од друга страна Никола Јокиќ уфрли 25 поени со 8 скока, 8 асистенции и три украдени топки. Џамал Мареј беше најефикасен во победата на Нагетс со 29 поени (12/15), Џулијан Стротер додаде 22 поени, Ерон Гордон 18, а Реџи Џексон 12 поени.

Атланта Хокс од трета четвртина играше без својот лидер Трае Јанг кој буради бурен приговор кај судиите беше исклучен од мечот.

Денвер Нагетс конечно ја прекина серијата од три порази по ред откако западна во мини-резултатска криза. Ова беше 15-та победа за шампионот сезонава а Атланта го запиша 13-от пораз.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore
12 декември 2023 - 10:37