Што и да се случи до крајов на годинава на кошаркарски план, нема да може да му го земе приматот на Тајлер Дорси од Фенербахче. Ваков поен ни во НБА не сме виделе. Не само преку табла, туку и преку семафор и тоа за победа над турскиот тим против Жалгирис. По лудиот шут Дорси погоди и дополнително слободно фрлање за конечни 80:76.