Ентони Дејвис ги водеше Лејкерси до нова победа со 41 поен, 11 скока и шест асистенции, а Леброн Џејмс додаде 22 поени и 12 асистенции.
После мечот на прес конференција Дарко Рајаковиќ бесно реагираше што во последната четвртина Лејкерс добиел дури 23 слободни фрлања а неговиот тим само 3.
„Ова е срамота што се случи вечерва! Срамота и за судиите и за лигата - 23 слободни фрлања за нив и три за нас во последна четвртина. Како да играте натпревар? Го разбирам почитот што НБА го има за Ол-Стар играчите но и ние имаме ѕвезди во тимот“, грмеше Рајаковиќ пред новинарите видно нервозен од поразот.
Кај Торонто Скоти Барнс кој е главна ѕвезда на екипата постигна 26 поени со шест асистенции а Паскал Сијакам додаде 25 поени. Ар-Џеј Барет запиша 23 поени со 10 скока а Имануел Квикли 21 поен.