Дончиќ се отвори за Божиќ со 50 поени и 15 асистенции

Лука испиша историја и стана прв играч меѓу активните кој најбрзо стигнал до 10.000 поени во НБА. Прв и после Мајкл Џордан меѓу пензионираните.

Словенецот приреди божиќно шоу за публиката и му донесе триумф на Далас над Феникс од 128:114.

Тоа беше дефинитивно негова ноќ во која сè му одеше од рака. Мечот го заврши со фантастични 50 поени, 15 асистенции, 6 скока, 4 украдени топки и 3 блокади. Од линијата на слободни беше неприкосновен со 12/12, а даде и осум тројки.

Со оваа блескава партија, Дончиќ стана седми најбрз кошаркар во НБА кој успеал да стигне до 10.000 поени. Тоа го стори со 358 меча.

Прв на оваа листа е Вилт Чембрлен на кој тоа му успеало на 236 натпревари, а потоа следат Мајкл Џордан (303), Елгин Бејлор (315), Карим Абдул Џабар (319), Оскар Робертсон (334) и Џорџ Жервин (355).

Пред овој натпревар му фалеа само 11 поени за да стигне до јубилејната бројка, а тоа го направи по само 7 минути на паркетот со тројка од паркинг.

Со 24 години и 300 дена, Дончиќ е шестиот најмлад играч кој достигнал 10.000 поени. Другите петмина пред него се Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Коби Брајант, Кармело Ентони и Трејси Мекгрејди. 

26 декември 2023 - 08:36