Барса конечно го доби Ел класико со Реал

Кошаркарите на Барселона конечно сезонава го победија вечниот ривал. Во 18. коло од Евролига на домашен паркет Каталонците славеа 83:78 и му го нанесоа на Реал Мадрид само вториот пораз сезонава.

Чехот Јан Весели ја одигра можеби најдобрата партија во последните неколку години откако блесна со 27 поени и 4 скока. Покрај него во големата победа на Барселона над Реал Мадрид голема улога одиграа уште и Николас Лапровитола и Никола Калиниќ кој додадоа 14 поени односно 13 поени (3/3 за три) со четири скока и пет асистенции.

Кај „кралевите“ најефикасни во поразот беа Џанан Муса со 19 постигнати поени и Марио Хезоња со 16 поени. За некое чудо, слаба и речиси никаква поентерска вечер немаа најголемите ѕвезди на Реал Мадрид, Таварес, Кампацо, Серхио Љуљ и Серхио Чачо Родригез.

Барса на крајот ја прослави 12. победа во Евролига а прва во Ел класико сезонава и сега во најсилното европско натпреварување со 12 победи и 6 порази е на трето место, а Реал Мадрид е убедливо прв со учинок 16 победи и само порази.

Во следната рунда Барселона ќе биде домаќин на Басконија а Реал ќе го пречека Анадолу Ефес.

 

4 јануари 2024 - 08:57